ХИВ/СИДА: Основни факти што секој човек мора да ги знае
Објавено во: Стил 01 Декември, 2015
Први декември е светскиот ден за борба против СИДА. За да се заштитите од оваа болест, најважно е да бидете добро информирани. Ова се неколку основни факти што треба да ги знаете
Што е ХИВ/СИДА?
Хумано имунодефициентниот вирус (ХИВ) е пандемична пренослива болест која го предизвикува синдромот на стекнат имунолошки дефицит (СИДА). Кога сидата ќе се развие, имунолошкиот систем на заболениот драстично опаѓа и се појавуваат многу смртоносни инфекции.
Како се пренесува?
ХИВ-от се носи низ посебни телесни течности во човечкото тело и може да се пренесе кога тие течности се пренесуваат од едно на друго лице .
За да дојде до пренос на вирусот мора тие течности да минат низ крвотокот. Вирусот може да се пренесе преку крв, сперма, мајчино млеко, но не и преку плунка.
Дали има лек?
Се уште нема лек за СИДА-та, но сепак медицината многу има напреднато во послените триесет години.
Постојат третмани за ХИВ и СИДА со кои се намалува количината на ХИВ вирусот во организмот и се зајакнува имунолошкиот систем . Така не може да се убие вирусот , но може да се спречи прогресија кон СИДА.
Како да се заштитиме?
Во главно, најдобар начин за едно лице да се заштити од ХИВ/СИДА е да преземе превентивни мерки. Ова вклучува:
1.Комуникација со вашиот сексуален партнер(и)
Да знаете за статусот на вашиот партнер и статусот на неговите/нејзините претходни партнери во однос со ХИВ/СИДА е важно за екстра претпазливост за вашето здравје.
2. ОДбегнувајте да имате повеќе сексуални партнери
Најдобро е да се има моногамна врска во која и двајцата партнери знаат дека немаат ХИВ.
3. Користете кондоми
И покрај бројот на сексуални партнери кои ги имате, користењето на кондоми е ефективен начин да спречите пренесување на ХИВ. Кондомите се и единствено средство за заштита од сексуално преносливи инфекции. Останатите штитат само од несакана бременост.
4.Тестирајте се
Сознанието дека имате ХИВ/СИДА ќе ви помогне да направите мудри одлуки, како веднаш да започнете со третман.
5.Никогаш не користете и не делете употребени игли
Осигурајте се и дека ако правите тетоважа или пирсинг, нема на вас да бидат повторно употребени стари игли.
Инаку, во светот во моментов повеќе од 3,5 милиони лица живеат со ХИВ/СИДА. Во Македонија вкупно 258 лица живеат со ХИВ /СИДА, од нив 179 се болни од СИДА а останатите се ХИВ позитивни. Институтот за јавно здравје на РМ соопшти дека годинава се регистрирани 19 нови случаи на ХИВ /СИДА.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.