Холандија ќе постави полначи на 200 станици за електромобили
Објавено во: Стил 09 Јули, 2013 14:45
Полначи, со кои ќе бидат опремени 200 патни станици за електромобили, изградени на територијата на цела Холандија, ќе испорача швајцарска компанија, пишува „CNet.com“.
Изградбата на станиците е доделена на локалната компанија Fastned која ја избрала за свој снабдувач швајцарската ABB. Самите уреди ќе можат да вчитаат една стандардна Li-Ion батерија за 15-20 минути.
Холандија не е единствената земја која открила потенцијал во развојот на електричниот патен превоз. Во САД компанијата Tesla работи на создавање на мрежа од станици на територијата на земјата. Во соседна Данска компанијата Clever исто така работи на сличен проект.
Од Fastned планираат идните станици да бидат распоредени на растојание од максимум 50 км една од друга. На тој начин возачите на електрични автомобили ќе се чувствуваат сигурни дека падот на батеријата нема да ги остави на патот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





