15 Декември, 2025
0.0516

ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР СО ПОРАКА - НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО: Уставните измени се гаранција за почеток на преговорите

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2023 11:47

Добивај вести на Viber

Менувањето на Преамбулата на македонскиот Устав е гаранција за почеток на новата фаза од преговарачкиот процес на Северна Македонија со Европската Унија, уверува амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Дирк Јан Коп.

– Втората фаза ќе почне во моментот кога Северна Македонија ќе ја смени Преамбулата во Уставот за да го вклучи бугарското малцинство, заедно со седумте етнички заедници кои се веќе споменати во Уставот.

Заклучоците од Советот минатиот јули јасно кажуваат дека штом Северна Македонија ги усвои уставните измени, веднаш ќе почне втората фаза и тоа без каква било друга политичка одлука.

Значи, да, менувањето на Преамбулата во Уставот го гарантира почетокот на новата фаза. Тоа е автоматски, вели амбасадорот Коп во интервју за Радио Слободна Европа.

И покрај заканите од Бугарија за ново вето, амбасадорот Коп уверува дека тоа нема да се случи, но сепак додава дека билатералното прашање не треба да се користи како оправдување за незавршување на реформите.

– Состојбата во правосудниот систем е болна за гледање, а наместо напредок гледаме влошување и на ситуацијата со корупцијата, вели амбасадорот Коп.

Амбасадорот на кралството Холандија предупредува дека користењето на европското знаме за законите за „Бехтел и Енка“ може да има последици на натамошниот процес од евроинтегративниот процес, затоа што во овој случај не се работи за усогласување со европското законодавство.


Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани