19 Декември, 2025
0.1099

Холандските тур-оператори слетаа во Охрид, три дена ќе ја истражуваат Македонија

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2013 20:45

Добивај вести на Viber

Претпладнево во Охрис слета најавената групата од стотина претставници на холандските тур-оператори. Тие се предводена од извршниот директор на пператорот ТУИ, Стефан Ван дер Хајден и во Македонија ќе останат три дена. Во Охрис без пречекани Мариет Шурман, амбасадорката на Холандија во земјава која им порача дека природата е тука прекрасна исто како и луѓето. „Се надевам дека за овие три дена ќе ги почувствувате тие емоции. Македонија е мошне лесно да се засака, а тешко да се напушти“, изјави Шурман. Жак Крајненс, продукт-менаџер на туроператорот „ТУИ“ пак соопшти дека продажбата на аранжманите во Холандија пораснале за 40 проценти. „Веќе закупивме нови сместувачки капацитети во Охрид за 2013, но постои голем интерес кај холандските туристи за кружните тури низ Македонија. Тие се подготвени да одвојат време од својот одмор за да посетат што повеќе од културно-историските знаменитости. На нашите туристи не им се од примарна важност сместувачките капацитети. Хотели, базени, бетонски зданија има и во Шпанија, Турција, Грција“, посочи Крајненс. Според најавите, годинава од државите на Бенелукс треба да слетаат околу 20 илјади туристи и да се зголеми бројот на чартер-летови. Сега во Охрид неделно слетуваат четири авиони на „ТУИ“ и три на „Корендон“. Три сезони по ред туристите од Холандија и Бенелукс се најбројните странски туристи што летуваат во Охрид и Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии