ХОНОРАРЦИ ЈА ТУЖАТ АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ ЗА НЕИСПЛАТЕНИ ХОНОРАРИ – ангажирале лица без одобрение од МФ, па не ги платиле
Објавено во: Финансии 21 Ноември, 2025 07:40
Опаѓа бројот на вработени во Агенцијата за филм, но се зголемил ангажманот на хонорарци, и тоа без одобрение од Министерството за финансии. Дел од хонорарците биле договорени на повисока плата од вработените, дел од нив извршувале работи кои треба да ги комплетираат вработени во институцијата.
Сепак, дел од хонорарците ја тужат Агенцијата за филм поради неисплатен хонорар од договорите за работа.
Ова се дел од забелешките на Државниот завод за ревизија кој објави дека при ревизија на Агенцијата за филм утврдиле дека континуирано ги зголемувале трошоците и тоа дури пет пати повеќе од предвиденото со буџет. Ревизорите исто така укажуваат дека Агенцијата не доставувала извештаи до Владата, но и други нерегуларности на повеќе полиња.
Еден сегмент е ангажирањето на хонорарци без одобрување од Министерството за финансии.
- Со извршената ревизија утврдивме тренд на намалување на бројот на вработените во периодот од 2021 година до 2024 година. Пополнетоста на работните места со редовни вработени се движи од 29,2 отсто до 19,5 проценти од систематизираните, одливот на вработени во наведениот период е поради преземање на две вработени лица во друга институција и еднострано раскинување на договорите од страна на две лица. Во овој период Агенцијата до МФ има поднесено само едно барање за обезбедени средства за добивање согласност за вработување на шест лица во 2022 година и две барања за обезбедени средства за унапредување на вкупно девет лица во 2021 и 2023 година, но нема добиено ниту една согласност – укажуваат ревизорите.
Потоа посочуваат дека изминатиот период поради недоволен број на редовно вработени, за извршување на работи кои се во рамките на дејноста Агенцијата ангажира лица по договор на дело.
- И покрај тоа што нема добиено согласности од МФво текот на 2024 година по овој основ Агенцијата има склучени договори со дваесет лица, за период пократок од една година, од кои три лица се ангажирани за извршување на редовни работни активности предвидени со актите за систематизација – се посочува во ревизорскиот извештај.
Потоа посочуваат дека иако Агенцијата има доставено Барање и неколку Ургенции во текот на 2024 година до МФ, нема добиено позитивен одговор. Договорите на дело се склучени без спроведена постапка за исполнетост на условите и квалификациите предвидени за редовно вработените, со утврден надомест од 16 до 46 илјади денари, што во однос на дел од вработените е во повисок износ од износот на исплатената нето плата на редовно вработените лица.
- Во член 5 од склучените договори во 2024 година е предвидено дека исплатата на средствата ќе започне по добивање на согласност од МФ, поради што во текот на годината предмет на ревизија не се исплатени средства на ангажираните лица кои имаат извршено работни обврски предвидени со договорите – потенцираат ревизорите и укажуваат дека договорите со овие лица во текот на годината се раскинувани и повторно склучувани со истите лица. Сепак, во август 2024 година в.д. директорот ги раскинува договорите со сите дваесет лица ангажирани со договор на дело.
Ревизијата истакнува дека во текот на 2025 година пет лица имаат поднесено тужба до надлежните институции поради не исплатени надоместоци за извршени работи предвидени со договорите на дело.
- Горенаведената состојба со вработените и кадровската екипираност влијае на ефикасноста на целокупното работење и квалитет на извршувањето на дејноста на Агенцијата. Ревизијата укажува на тоа дека е потребно да се изврши преоцена на потребните капацитети во делот на организационата поставеност и бројот на извршителите кои се неопходни за ефикасно извршување на надлежностите на Агенцијата и продолжување на активностите за обезбедување согласности за обезбедени средства за вработување на потребните кадри од надлежните органи заради пополнување на испразнетите работни места – се потенцира во ревизијата.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете




