18 Декември, 2025
0.0441

Хонорарите на историската комисија на МНР се зголемиле за „78 отсто“, не се намалија иако премиерот најавуваше истрага

Објавено во: Економија 31 Јули, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Во последните неколку години хонорарите во Комисијата за историски прашања со Бугарија, што произлезе од Договорот за добрососедство, достигнаа до речиси 2.000 евра на месечно ниво.

Македонските историчари од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија на редовно месечно ниво ги исплаќа Министерството за надворешни работи и трговија.

Според она што може да се забележи на алатката „отворени финансии“, месечниот хонорар на координаторот достигнува 120.000 денари, а останатите членови добиваат по 110.000, 104.000 денари, итн.

Само до пред некоја година оние што беа на платениот список во МНР добиваа по 1.000 евра, а координаторот по 74.000 денари. Од Министерството за надворешни работи не одговорија колку вкупно изнесуваат месечните трошоци за исплата на експертите од овој состав, но велат дека зголемувањето не е донесено со конкретен акт во актуелниот мандат.

„Ве информираме дека висината на надоместоците на членовите на историските комисии останува непроменета и е утврдена со одлука на претходната влада.
Во изминатиот период, со одлука на Владата, беше направена само измена во составот на комисиите, без интервенција во висината на нивните примања“, велат од министерството.

Владата уште во септември лани на седница за претседател (координатор) го назначи Ванчо Ѓорѓиев, професор на Факулетот за историја во Скопје. Други членови се Александар Литовски, Митко Панов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

Премиерот Христијан Мицкоски по неколку дена побара истражни органи да се вклучат во истрага „која треба да покаже каде се трошеле парите и колкави се хонорарите на членовите на историската комисија“. Тој тогаш искоментира дека биле потрошени илјадници евра за ништо.

Комисијата, најчесто поради субјективни причини, го менуваат својот состав, па така минатата недела, по три години работа, се повлече историчарот Ванчо Ѓорѓиев од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Во последните години нема речиси никакво поместување од „мртва точка“ на средбите на македонската и бугарската страна од мешовитата комисија.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа