11 Декември, 2025
0.2080

ХОРОР ВО ТУЗЛА: во пожар во Дом за пензионери загинаа 11 лица, 35 се повредени, медиумите бараат одговори за организацијата

Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2025 09:53

Добивај вести на Viber

Единаесет лица загинаа, а 35 се повредени во пожар што синоќа го зафати Домот за пензионери во Тузла, јавија утрово сараевските медиуми.

Меѓу повредените има и тројца полициски службеници и петмина пожарникари.
Според информациите, пожарот избувнал околу 21 часот на седмиот кат од зградата, каде што биле сместени неподвижни и тешко подвижни лица.

Екипи на противпожарната служба, полицијата и итната медицинска помош веднаш излегле на терен, а повредените биле пренесени во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за пензионери во Тузла околу 20:45 часот. Според првичните информации на полицијата, животот го загубиле штитеници на Домот.

„Во Универзитетскиот клинички центар Тузла медицински се згрижени околу 20 лица, односно пожарникари, полицајци, медицински работници, како и вработени и штитеници од Домот за пензионери. Телата на настраданите ќе бидат префрлени во Комеморативниот центар заради идентификација и обдукција“, соопшти Управата на полицијата при МВР на Тузланскиот кантон.

На самото место е увидна екипа, а увидот ќе биде извршен кога ќе се создадат услови за тоа, со цел да се утврдат причините за пожарот и сите други факти важни за истрагата.

Од Домот за пензионери во Тузла информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 20:45 часот, а со брза интервенција го ставиле под контрола и го изгаснале припадниците на Професионалната противпожарна единица Тузла.

Во гаснењето на пожарот учествувале и Професионалната противпожарна единица од Сребреник, како и доброволните противпожарни друштва Горна Тузла и Тузла, со поддршка од Управата на полицијата.


„На корисниците од загрозените катови припадниците на Службата за итна медицинска помош од Домот за здравје Тузла им укажаа медицинска помош, по што беа згрижени на пониските катови од установата. Медицинска помош на загрозените им даде и медицински персонал од домовите за здравје од Лукавац, Сребреник и Калесија“, истакнаа од Домот за пензионери.

Надлежните органи ги преземаат сите неопходни активности за расветлување на околностите што доведоа до овој трагичен настан, заклучија од Домот.

Медиумите од околината го поставија прашањето зошто најранливите биле сместени на најгорените спратови. Во анализа на Кликс.ба, се посочува дека во Тузла со години било предупредувано дека зградата е небезбедна.

Јавноста во Босна и Херцеговина е гневна поради фактот дека на горните катови биле сместени лица со тешки дијагнози, неподвижни, зависни од туѓа помош, се вели во анализата.

Одлуката да бидат таму ја донела управата предводена од директорот Мирсад Бакаловиќ, член на СДП, која само пред неколку месеци, наместо да подобри услови, го поскапи престојот за 30%, тврди Индекс.

Притоа, уште во септември, се вели во текстот, советничката Драгана Гагро Берберовиќ од „Наша странка“ јавно предупредила на влажните ѕидови, недоволната храна и мобингот врз вработените.

Видео објавено на социјалните мрежи покажало како старите луѓе живеат меѓу мувла и понижувања. Наместо реакција – управата покренала постапка против неа.

„Ова не е медиумска сензација, туку прашање на достоинство и човекови права“, порачале тогаш од партијата.

Стравичниот пожар во домот во Тузла кој синоќа го потресе регионот се разгорел на седмиот кат од зградата.

– Во осум часот ќе се одржи вонреден состанок на Градскиот совет на Тузла, по што ќе следи состанок на градоначалникот и на цивилната заштита. По тој повод ќе планираме понатамошни активности, но откако истражните органи ќе го завршат својот дел од работата – изјави градоначалникот на Тузла за Кликс.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини

ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини

Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти

Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти

АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)

АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија

(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!