23 Ноември, 2024
0.0266

ХОРОСКОП: Овие мажи се најлоши сопрузи!

Објавено во: Општо 02 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Кога ќе откриете кои хороскопски знаци се најлоши сопрузи, ќе останете зачудени. Тие инаку важат за пријатни и добри личности, но се катастрофален „материјал“ за брак.

Рак

Мажот Рак не е личност со која животот ќе ви биде лесен како песна, и покрај убедувањето дека тие се пријатни партнери. Мажите Ракови може да се поделат во 2 групи – или се ситничари и критичари, или тотално се незаинтересирани за она што се случува околу нив, вклучувајќи ве и вас.

Било кој сопруг Рак поминува повеќе време дома отколку надвор и е потрадиционален од сите останати.

Иако мажот Рак си ја обожава жената, тој со ништо нема да биде задоволен до крајот на животот, па секогаш ќе има нешто за критикување или жалење. По правило овие мажи се верни, но само ако нивните желби се задоволени дома.

Скорпија

Со него е најтешко да остварите брачна хармонија затоа што единствен начин за да го направите тоа е вие како сопруга да останете во сенка. Тој не поднесува доминантни жени во било кој поглед.

Скорпијата како сопруг е типичен старомоден тип и неговите реакции се толку нагли и екстремни, што ќе помислите дека е на раб на насилство. Плус, неверојатно е посесивен и љубоморен.

Овој маж е способен да се издржува сам, има добра работа, успешен е, но мааната му е што постојано мисли дека сите работат за да му наштетат.

Длабоко во себе има неверојатно силни емоции за сопругата и децата, но никогаш нема да научи како да ги искаже.

Стрелец

Овој тип на маж бара мудра и тактична жена. Тој е претеран ситничар и се фокусира само на лошите страни и грешките на сопругата. Не е баш роден за брачен живот и е вистински мегаломан, па затоа честопати сопствениот живот може да му делува здодевен.

Ако неговите симпатии и интереси се променат, не гледа зошто би требало да остане верен на било која личност.

Неговата сопруга мора да биде со отворен ум, ослободена од љубомората и по малку безлична. Пожелно е да биде уметник за да може да го следи во сè и да ги задоволува неговите интереси.

Со Стрелците мажи е тешко да живееш. Заради нивниот недостаток на емоции, големо нетрпение и ограничените и строги правила, сопругата ќе мора да ги прошири хоризонтите и да внимава на секој збор.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.