23 Ноември, 2024
0.0299

Хороскоп во кој ќе се пронајде секоја жена – што сака, а што не поднесува кај мажот?

Објавено во: Општо 01 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Вага

Првиот впечаток кои жените Ваги го оставаат на мажите е беспрекорниот изглед кој се памти. Иако можеби за првпат се арогантни и кога се во прашање мажите се пребирливи, овие жени имаат толку бистар ум да истото го очекуваат и од мажите. Еднаш кога ќе се поврзат, спремни се на партнерот да му понудат права љубовна авантура. Сакаат да зборуваат и уживаат во расправиите и во се бараат убавина и квалитет. Тие се романтични идеали кои се во потрага по својот принц, а знаат и да скршат по некое срце.

Скорпија

Да ја запознаете жената шкорпија во потполност не е мала работа. Тие го сакаат својот мир и многу тешко пуштаат некој маж во својот простор. Иако се зависни од љубовта, се плашат од разочарување и неуспех. Жените од овој знак во врската влегуваат полека и сигурно, а кога ќе пронајдат прав партнер многу се верни, а кога е во прашање интимата, многу се страствени. Партнерот кој ја цени и ја прави среќна ќе биде среќен до крајот на животот, но неверството е нешто што овој знак го претвора во вистинска војна.

Стрелец

Имаат големи животни апетити кои го очекуваат и од својот партнер. Интелигентни и силни, жените Стрелци што и да допрат внесуваат страст, поради кој мажите ги привлекува особината која тие ја немаат – приземност и реалност. Тие сакаат згодни и привлечни мажи. Искрени се во поглед кога ќе ја пронајдат правата љубов, спремни за стабилна и долга врска.

Јарец

Односот на овие жени спрема животот е реален. Сакаат постојаност и ги ценат само оние луѓе кои имаат одредени вредности во склад со нивните сваќања. Жените Јарци не се лесно да се освојат. Кај нив љубовта не може да наиде како гром од ведро небо. Ретко доживуваат голема љубов и попрво ќе остане сама отколку да има површинска врска. Но кога ќе засакаат или подобро кажано, кога ќе одлучат да признаат, тоа може да трае засекогаш. Кога ќе се решат со некого да се врзат, тоа е за цел живот.

Водолија

Позади нивниот понекогашен ироничен став, сепак се крие несигурност и недоволна самодоверба. Тие сакаат мажи кои ги исполнуваат ментално и тоа им е поважно од физичкиот изглед. Овој знак нема физички критериуми кај мажите бидејки секој пат може да г привлече нешто сосема друго. Многу се забавни и креативни, и пријателството како со партнерот така и со најблиските им е на прво место. Иако се спремни да сакаат, тешко ќе признаат дека се заљубени што може да доведе до опасни триења во врската.

Риби

Сините и големи очи како океан се обележување на жените родени во овој хороскопски знак. Романтични и чувствителни, Рибите сакаат да бидат заљубени – дури и во теорија. Како со нив владее Нептун,планетата која управува со соништата и идеалите, повеќе од се сакаат да бидат соборени од нога. Како се и самите имагинативни, женските Риби сакаат секој момент да го направат посебен и магичен. Нивната креативност, нежност и емотивност ги прави посакувани партнерки, но поради тие квалитети можат да го однесат и сопствениот свет кој нема никаква врска со реалноста. Исто така, може да ги привлечат неконвенционални мажи, токму оние кои имаат изразена мрачна страна.



Претходна страна  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.