Хороскоп во кој ќе се пронајде секоја жена – што сака, а што не поднесува кај мажот?
Објавено во: Општо 01 Септември, 2016
Овен
Иако се чувствителни, жените имаат многу мала толеранција со несигурните мажи. Тие бараат херој кој ќе може сам да ги совлада сите потешкотии, а она што прво ќе ги привлече кај мажите е самодовербата и конзистентност. Сакаат предизвици и авантури, но имаат и романтична страна која бара класично заведување. Кога ќе се заљуби жената е верна, внимателна и дарежлива.
Бик
Тие се женствени. Сакаат да бидат мазени и пазени, а најмногу паѓаат на мажите со кои се чувствуваат сакано и убаво. За жените Бикови клише не постои, затоа секое изненадување и знак на внимание во нејзините очи е голем плус. Бара стабилност и љубов и не се склони на неверства, но истото го очекуваат и од партнерот. Сака елегантни и шармантни мажи со стил кој знаат што сакаат и како тоа да го остварат.
Близнаци
Жените Близнаци толку се живи и сестрани што единственото што им е важно кај партнерот да успее да го прати нејзиното темпо. Сака да биде заљубена и тогаш е спремна на партнерот да му даде баш се. Иако сакаат да кокетираат и уживаат во машко друштво, кога ќе го пронајдат правиот партнер, жените Близнаци не размислуваат за други мажи ниту на неверство. Многу им е важно партнерот да ги разбира, а довербата им е една од најважните сегменти на врската. Желни се за знаење, имаат фантастичен смисол за хумор и обожаваат луѓе и друштво.
Рак
Многу се чувствителни и интуитивни души. Жените Ракови ќе ги привлече чувствителни и романтични мажи. Припадниците на овој знак ги прати честа промена на расположението. Сакаат стабилност и ги привлекуваат самосвесни мажи. Со овој знак владее срцето и баш поради тоа се многу внимателни и многу споро влегуваат во сериозна врска. Но, кога еднаш мажот ќе влезе во нејзиниот свет, стануваат верни и врската ја сметаат најважна. Врзани се за семејството и од партнерот го очекуваат истото.
Лав
Каде и да се појават, жените Лавови пленат со внимание. Тие зрачат со енергија и топлина што ги привлекува мажите, посебно оние поимотните и моќните. Живи се и позитивни, Лавиците обожуваат да бидат заљубени и уживаат кога партнерот ќе ги опсипе со поклони и изненадувања. Во работата и животот тежнеат за стабилност, но во љубовта се спремни на се. Додека верува во љубовта на партнерот тие ќе дадат се, но веќе кај првите знаци на несигурност во партнерот, жените Лавови се спремни за нови вложувања.
Девица
Перкценионисти кои од партнерот очекуваат да прифати ваква изразена особина. Нивната еднакво моќна особина е и чувствителноста. Кога ќе се заљубат, жените Девици на својот партнер му даваат буквално се. Тие ги памтат годишниците и значајните моменти и сакаат да припремаат мали и слатки изненадувања. Многу се интелигентни и стојат за своето мислење и многу е тешко да ги уверите во спротивно. Сакаат различни типови на мажи, а главна особина им е во љубовта да не влегуваат само со срце, туку и со главата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.