23 Ноември, 2024
0.0245

ХОРОСКОПОТ ЌЕ ВИ КАЖЕ: Што да им подарите за празниците на тие што ги сакате!

Објавено во: Општо 19 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

2


Вага

Пуфкасто, убаво, романтично - таков треба да биде подарокот за Вагите.

Луксузни мали сапуни спакувани во слатки кутии или убави свеќи... Нежни парфеми со лесни ноти или некое добро парче облека со кое ќе го подноват гардероберот...

Вагите кои се интелектуални и сакаат културни случувања особено ќе ценат добра книга или автобиографија на некоја позната личност.

Скорпија

Сензуалните Скорпии ќе се израдуваат на чипкана долна облека или некоја секси играчка. Сакаат и полускапоцени камења, особено оние кои имаат моќ за лекување.

Доколку им подарите платено учество во работилница за изработка на накит и украси или работилница која се занимава со себеистражување и сопствен напредок, ќе бидат особено задоволни.

Стрелец

Квалитетен и цврст куфер за патување или авионска карта на попуст е супер избор за авантуристичкиот Стрелец. Книга со инспиративни приказни или цитати или голема корпа со додатоци за пикник во природа.

Стрелците сакаат и сентиментални подароци, па врамени семејни фотографии или гравиран часовник или приврзок за клучеви со иницијали или скриена порака е одлична идеја.

Јарец

Најпрактичниот и најпродуктивниот знак обожава два типа на дијаметрално спротивни подароци: практични и луксузни. Ќе биде среќен со планер за работа или со дизајнерски часовник.

Сакаат подароци со кои лесно и едноставно ќе ги завршуваат работите, но истовремено да изгледаат модерно и убаво.

Сепак, имајте на ум дека Јарците не сакаат многу изненадувања, па доколку сакате да ги изнесете на некоја убава вечера, прво поминете го целиот план со нив.

Водолија

Водолијата е иноватор, сака да истражува и да ги поместува границите, па добро би ги израдувал еден телескоп или барем билет за планетариум.

Тарот карти или натална карта исто така, е одлична идеја за подарок за интуитивната Водолија.

А, доколку им подарите сет за рачна изработка на производи и силиконски пиштол, ќе ја разбудите нивната страст за „Направи сам“ проекти.

Риби

Комфорни кадифени пижами, уред за музика кој може да го наполните со фин џез или други пријатни мелодии се идеални за Рибите.

Ваучер за спа третман, или скап педикир ќе ги разгали, а може да дадете и донација во нивно име, бидејќи Рибите се алтруисти и емпатични и секогаш сакаат да помогнат.




Претходна страна  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.