06 Декември, 2025
0.1641

Хотел во Танзанија нуди соба под вода

Објавено во: Стил 20 Ноември, 2013 15:45

Добивај вести на Viber

Хотелот Мanta Resort во Танзанија нуди соба под вода . Таа се наоѓа во водите на островот Пемба . Гостите во специјалната соба се изолирани од остатокот на хотелот . Тие можат да се печат на покривот на својата соба , а навечер да се потопат во океанот , за да спијат . Собата е на четири метри под водата . Самиот остров Пемба е прилично изолиран . До него се доаѓа со чартер лет од Занзибар . Островот е популарен меѓу нуркачите поради најубавите корални гребени . Станот под вода е дизајн на шведските архитекти од Genberg Underwater Hotels , кои имаат свој подводен хотел во езеро до Стокхолм , отворен во 2000 година. Тој се нарекува Utter Inn и исто така има една соба во која има два кревети и маса . Модата за хотели под вода не е толку распространета како трендот да се прават хотели на најгорните катови на највисоките можни згради. Цените на ноќевањата во Мanta Resort почнуваат од 750 долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: