19 Декември, 2025
0.0402

Хотели, фабрики и цели згради, што сè продаваат банките како запленет имот?

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2013 08:22

Добивај вести на Viber

Банките ги нудат на продажба производните капацитети на компании кои до неодамна важеа за успешни.Последните статистички податоци на Народната банка покажуваат дека вредноста на активираните хипотеки заклучно со 31 декември минатата година изнесува 112,6 милиони евра Листата на компании чии имоти завршија на продажба во каталозите на банките е долга. Хотели, фабрики, деловен простор, машини и опрема, станови и куќи влегоа во барабанот на извршителите откако банките не успеаја да ги наплатат дадените кредити. Банките продаваат имот од хипотеки вреден 112,6 милиони евра,  од кој најголем дел е запленет од бизнис-секторот кој не успеа да ги надмине ликвидносните проблеми. Па така, ако се разгледаат каталозите на банките ќе се видат разни огласи, како на пример, огласот на Комерцијална банка за продажба имотот на Агро компани од Кочани, компанија која произведуваше млеко и млечни производи, тестенини и други прехранбени производи. Се бара купувач на деловно производствениот објект, производниот погон, машините и линиите за производство за вкупно 660.000 евра. Комерцијална банка продава и цел комплекс во Кичево во кој спаѓа деловна површина како и земјиште со право на користење за 1,4 милиони евра. На продажба се најде и хотелот Фламенго во Охрид а тој што ќе сака да го купи ќе треба да плати 1,2 милиони евра. Комерцијална банка го има запленето и охридскиот хотел Ривиера, а го продава за 3,4 милиони евра.  Кумановската текстилна фабрика Братекс пак, банката ја продава за 643 илјади евра. Стопанска банка, пак, има запленето најмногу станови, деловен простор и подвижни средства. Вкупната вредност на имотот што го продава изнесува 2,7 милиони евра. Сите овие огласи стојат и повеќе од една година, но за нив се уште не се нашле заинтересирани купувачи, што значи дека банките очигледно имаат проблеми да го продадат запленетиот имот. Банкарите се децидни дека најлесно оди продажбата на станови и деловен простор на добра локација, но и на возила. Најтешко оди продажбата на поголеми производствени погони и објекти, магацини, големи семејни куќи, опрема и на машини. Инаку, кризата со активирање на хипотеките почна уште во 2010 година кога и нагло почна да расте износот на преземени средства по основ на ненаплатени побарувања и процентот на ризични пласмани во однос на вкупното кредитно портфолио. Нови мерки за побрзо ослободување од хипотеките, ќе дадат ли резултати? Пред два месеца Народната банка донесе нова мерка за подобрување на билансите на банките која предвидува, сиот запленет имот поради активирана хипотека, банките да го продаваат по пониска цена со цел да не ја изгубат целосно нивната вредност. Одлуката на НБРМ предвидува секоја година банката да отпишува по 20% од вредноста на имотот. Доколку по пет години од одземањето, имотот не се продаде, да не се книжи ниту денар. Ваквата одлука не ги израдува многу банкарите кои сепак сметаат дека проблемот не е во цената или понудата на недвижнините туку во побарувачката која поради кризата се уште е намалена. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии