03 Мај, 2024
0.0486

„Хотели Метропол“ дава најголеми плати од конкурентите на охридската ривиера

Објавено во: Економија 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Просечната бруто плата по вработен во најголемите хотелиерско – угостителски фирми на охридско-струшката ривиера се движи од 393 до 540 евра

Најголемиот хотелски комплекс на охридската ривиера дава најголеми плати на своите вработени во споредба со конкурентите – големи и познати хотелиерско-угостителски компании во најголемиот македонски туристички центар на вода.

„Хотели Метропол“ лани вработувал 139 лица, а просечната месечна бруто плата изнесувала 540 евра, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи одобрени од независната ревизија. Во конкуренција на големите хотелско-угостителски брендови на орхидско-струшката ривиера „Хотели Метропол“ дава најголеми плати на своите вработени.
Како што пишувавме оваа компанија која во свој состав ги има големите хотели „Метропол“, „Белви“ и „Турист“ лани направила вкупни приходи од продажба во износ од 3,18 милиони евра и тие се за 20 отсто повисоки од приходите од продажба во 2017 година.

„Хотели Метропол“ е неприкосновен, но „Инекс Дрим“ прави повеќе пари

Неговиот пандан на струшката ривиера „Инекс Дрим“ лани давал просечна бруто месечна плата во износ од 405 евра. Најголемиот и најпознат струшки хотел лани вработувал 106 лица. Неговиот приход од продажба лани изнесува 2,34 милиони евра и е повисок за 9 отсто во споредба со 2017 година. И двете компании лани имаат добивка по оданочување во износ од по половина милион евра.

„Охридтурист“, компанијата која е сопственик на охридскиот туристички симбол (кој не работи) хотелот „Палас“ лани ангажирала 53 вработени лица. Оваа компанија неколку години наназад ги издава под закуп хотелите „Десарет“ и „Орце Николов“, комплексот „Летница“, рестораните „Ориент“ и „Билјанини извори“ и автокампот „Љубаништа“. Лани просечната бруто плата по вработен била 460 евра месечно и оваа компанија е втора по висина на исплатена бруто плата по „Хотели Метропол“. Карактеристично е тоа што оваа компанија закуп на недвижности овозможува и ангажман на своите вработени на закупците на недвижниот имот. Лани приходите од закуп на објекти биле 400.000 евра, а за ангажман на вработените фактурирала и наплатила 182.000 евра од своите закупци.

Од големите и познати хотелски капацитети, барем за оние за кои се јавно достапни податоците, најмали плати дава најубавата охридска тераса т.е. хотелот „Инекс Горица“. Просечната бруто месечна плата изнесува 393 евра. Компанијата лани ангажирала вкупно 65 вработени лица. Лани „Инекс Горица“ кој го стопанисува и автокампот „Градиште“ имала  приходи од 754.000 евра, а годината ја завршила со загуба од 78.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски