19 Мај, 2024
0.0284

ХРАБРИОТ КОМАНДИР ЗАЗДРАВУВА ВО БОЛНИЦА: Министерот Спасовски лично му се заблагодари

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Утрово, во комплекс клиниките Мајка Тереза, во Одделот за торакална хирургија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со раководството на МВР, го посети колегата, припадник на Единицата за брзо распоредување, кој се здоби со повреди за време на спасувачката потрага по алпинисти на Шар Планина што се случи минатата недела.


Министерот Спасовски информираше дека станува збор за еден од поискусните колеги со 24 годишно искуство, старешина, командир на вод, кој доброволно се пријавил во спасувачката потрага да се спаси човечки живот.

Во оваа прилика, министерот Спасовски оддаде признание и почит до колегата, како и до сите кои учествуваа во спасувачката потрага - екипи на МВР од ЕБР и САЕ „Тигар”, СВР Тетово, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатија на посоченото место на Шар Планина каде што извршија прифаќање и извлекување на колегата и алпинистите. Министерот Спасовски изрази благодарност и до Центарот за управување со кризи и ТППЕ Тетово, како и до медицинските лица за укажаната нега.

Инаку, во текот на минатата недела се случи несреќа на Шар Планина кога двајца планинари  паднаа од карпа. За жал алпинистот од Белгија почина, а другиот кој е од Куманово беше спасен и итно пренесен во болница.  


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична