06 Декември, 2025
0.0945

Храна која ќе ви ја намали желбата за цигари

Објавено во: Стил 17 Ноември, 2014 20:01

Добивај вести на Viber

Земањето на додатокот на рибино масло во облика на омега 3-масни киселини е сојузник во престанокот на пушење, тврдат експерти од израелскиот универзитет Хаиф.

Тие во студијата на пушачите им ги давале токму тие додатоци и забележале дека во просек пушат 0 одсто цигари помалку, додека оние кои престанале да пушат чуствувале помала желба за цигари.

Крајниот ефект на омега-3 го споредиле со групата на која и давале плацебо, во која испитаниците не го намалиле бројот на испушени цигари на ден.

Недостатокот на омега-3 масни киселини инаку е чест кај пушачите, а тој ги оштетува и нервните келии и врската помеѓу нервите во делот на мозокот задолжен за контрола на желбата, што објаснува зошто тие додатоци можат да ја намалат потребата за цигари.

„Докажавме дека омега-3 е добар сојузник во престанувањето на пушење цигари, кои за разлика од бројни други лекови нема пропратен ефект“, рекла водачот на студијата Д-р Шерон Рабиновиќ Шенкар.

Додава како се препорачува дека треба да се јаде и храна која содржи омега-3 масни киселини како лосос, скуша, сардина, јаткасти плодови, семки од сончоглед и маслиново масло.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: