Христијан Мицкоски на телевизија: Референдумот нема да биде успешен
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2018
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, повторно не го кажа својот конкретен став за тоа дали ќе излезе на референдумот на 30 септември и евентуално како ќе гласа на истиот, но за прв пат наведе дека има лоши прогнози во однос на бројноста на излезност.
Во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Телма рече дека не верува дека референдумот ќе биде успешен.
„Не верувам дека референдумот ќе биде успешен. Народот гледа што се случува и знае дека договорот е штетен“, рече Мицкоски.