23 Септември, 2019
0.0181

Анжела Христова, раководител на Контакт центарот на Р3 Инфомедиа

Христова: На 1188 се бараат броеви, ама и стари пријатели и изгубени документи

Објавено во: Економија, Интервјуа 21 Јуни, 2019

Телефонски број на кој било, локација на некоја фирма, работно време на продавницата која ви треба, но и броеви и информации за сервисери, мајстори, техничари. На телефонската служба за информации или на 1188, граѓаните сепак барале и спас – помош по сообраќајка, начин како да се вратат изгубени во планина. Со либерализацијата на пазарот на телекомуникацискиот сектор во Македонија и појавата на повеќе фиксни и мобилни оператори се формираше служба која ги обедини информациите од сите. Бројот 1188 функционира од 2012 одина, а преку него, сите граѓани имаат пристап  до целосен телефонски именик преку претплатничките броеви на физички и правни лица, претплатници на сите фиксни и мобилни оператори. Анжела Христова, раководител на Контакт центарот на Р3 Инфомедиа, фирмата која ја нуди услугата, во разговор за Фактор вели дека во почетокот со јавување на 1188 граѓаните можеле да добијат само телефонски број и адреса, но со текот на времето бројот и квалитетот на информации се зголемувал. Затоа сега покрај броевите се добива и точна локација, работно време, дежурни служби, веб и мејл адреса, овластени сервисери, застапници на брендови.

Граѓаните и фирмите може да добијат податоци и за правни субјекти, но и за физички лица. Како ги внесувате броевите, со колкава база располагате и дали треба посебно одобрување некој број да е во именикот?

Христова: Во базата на податоци на телефонската служба за информации 1188 се вклучени контакт податоци за околу 850.000 правни и физички лица. Притоа, контакт информациите за правните субјекти, фирми и институции, се надополнети со нови и проверени информации од базата на Златна Книга. Податоците за физичките лица се обезбедени со согласност за јавна достапност на нивните имиња, телефонски броеви и адреса која истите ја потпишале кај своите оператори.

Ажурирање на базата на податоци се врши секојдневно односно секој телекомуникациски оператор доставува ажурирани податоци за своите претплатници.


ПО 1.000 ЈАВУВАЊА ДНЕВНО


Кои услуги, освен телефонските броеви, ги нудите дополнително? Во услови на брз и динамичен живот на граѓаните им требаат информации, контакти, поврзување со нивните потреби?

Христова: Луѓето отсекогаш се интересирале за точни и брзи информации. Со развој на технологијата можностите за обезбедување на информација се многубројни. Во време на интернет и Гугл, многу нешта може да се дознаат со типкање на тастатурата, но за да се добие брза и корисна информација, потребна е човечка интеракција, ефикасен и пријателски разговор со некој кој е тука за да помогне.  Секојдневното живеење станува се подинамично, недостигот на време е се поприсутен и затоа голем дел  од граѓаните се јавуваат на телефонската служба за информации 1188 каде ги очекуваат љубезни агенти за да им помогнат да ја добијат бараната информација за многу кратко време. Службата за информации работи секој ден, 24 часа. Агентите се тука да им помогнат на граѓаните и во ноќните часови и за време на празник. Дури и кога не знае корисникот што точно му треба во одредена ситуација, нашите агенти се тука да му помогнат и да го насочат во која служба треба да се обрати за одреден проблем, да му дадат точна локација на бараната служба.Довербата на граѓаните во брзината на добивање на бараните податоци, како и во точноста на податоците, кои секојдневно се ажурираат од страна на службата за информации 1188, го покажува и фактот дека нашите агенти опслужуваат и преку 1.000 јавувања дневно. Во работните денови бројот на јавувања е поголем, но не е мал бројот на јавувања и за време на празници и викенди, кога граѓаните имаат потреба од дежурни служби, транспортни центри, ресторани и излетнички места. 


Како секој може да добие пристап до бараните информации, дали само телефонски и колку чини услугата?

Христова: Многу едноставно може да се добие пристап до бараните информации. Корисникот само треба од својот фиксен или мобилен телефон да заврти на скратениот број 1188 (без префикс) и од другата страна на линијата го чека нашиот агент подготвен да му помогне да дојде до потребната информација. Можеме да се пофалиме дека просечното време на одговор на агентот изнесува 4 секунди, што значи корисникот за само 4 секунди стапува во контакт со агентот. Нашето мото е дека во денешното динамично секојдневие брзината на добивање на информацијата е многу значајна и затоа секојдневно работиме на намалување на времето на одговор. Услугата чини 39,99 ден по повик.


КОИ ОРДИНАЦИИ ДЕЖУРААТ, КОИ ЦВЕЌАРНИЦИ ДОСТАВУВААТ ДО ДОМА


Колкав е вашиот тим, работите секој ден. Колку јавувања има во просек и што најмногу бараат граѓаните – какви информации...Се јавуваат за броеви или за други дополнителни информации?

Христова: Службата за информации 1188 e составена од тим од 25 искусни агенти и 3 тим лидери.

Инаку, најголем број од корисниците кои се јавуваат на телефонската служба за информации 1188 бараат контакт информации за правни субјекти, фирми и институции. Најчесто се бараат ординации, аптеки, дежурни служби на ЕВН, Водовод, Топлификација, сервиси за автомобили, сервиси за бела техника,  занаетчиски услуги, банки, туристички агенции, ресторани, такси компании, цвеќари.

Покрај телефонски број за контакт, корисниците најчесто бараат и дополнителни информации: точна локација, бидејќи често пати не можат да го најдат бараниот објект само по адреса, работно време, веб страна, е-маил адреса, која цвеќара или ресторан имаат служба за достава, дежурни аптеки за време на викенд, дежурни филијали на банки во сабота. Помал дел од корисниците бараат и контакт информации од физички лица, свои стари пријатели со кои изгубиле контакт.

Рековте дека секојдневно добивате повеќе од 1.000 јавувања. Сигурно меѓу нив има и некои интересни барања, може ли да споделите некои од нив?

Христова: Секако дека има и невообичаени јавувања. Така на пример пред две години, до агент на службата 1188 стигна повик од група од 5 планинари кои се изгубиле и со часови талкале по планините околу Кавадарци. Поради лошиот сигнал и испразнета батерија на мобилниот телефон повикот бил многу краток, траел неколку секунди, но вработената на 1188 го сфатила сериозно повикот за помош и ги алармирала сите служби, од полиција до брза помош. Потрагата по измрзнатите и прегладнети планинари имаше среќен крај. Планинарите беа лоцирани и спасени. 

Сличен настан имавме и оваа зима кога возач на камион имал сообраќајна незгода во планински предел. Го завеало снег. Неколку пати се јавуваше на 1188 во паника. Агентот кој бил на смена долго разговарал со возачот обидувајќи се да го смири и успеал да му обезбеди помош од негов пријател.

Честопати имаме јавување од граѓани кои пронашле изгубени лични документи, па се јавуваат на 1188 за да добијат контакт информација од сопственикот на документите.


БАЗАТА СЕ ПРОШИРУВА СЕКОЈДНЕВНО


Како вашата компанија е позицонирана на пазарот, со каква стратегија влеговте и кои се плановите во иднина од аспект на проширување на услугите, зголемување на можностите? Каква е конкуренцијата?

Христова: Во моментов сме единствен контакт центар кој дава информации од овој тип, кој располага со контакт информации од претплатниците на сите телекомуникациски оператори, а воедно контакт информациите ги надополнуваме со информациите за правните субјекти од базата на Златна книга. Благодарение на информациите од Златна Книга располагаме со голем број дополнителни информации за секој правен субјект, во смисла на дејност со која се занимава, точна локација на која се наоѓа, веб и мејл адреса, работно време, овластени сервисери, застапници на брендови. Како и до сега, и во иднина граѓаните може да сметаат на брза и точна информација секојпат кога ќе се јават на 1188. Она на што работиме е континуирано зголемување на бројот и квалитетот на информациите кои ги имаме на располагање и кои можеме да им ги понудиме на граѓаните.

Какви се регионалните и меѓународните искуства со вакви бази на податоци?

Христова: Во сите европски земји, а и во регионот постојат служби за информации кои обезбедуваат контакт информации за граѓаните. Во последно време има и иницијативи за меѓународна соработка и на користење на контакт информации од различни земји.

Засега, со јавување на 1188 корисникот од меѓународни информации може да добие информација за повикувачкиот број на сите држави, поголемите градови, како и македонските амбасади во светот. 

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Лукаревска: „Мој ДДВ“ ги дава резултатите за целите за кои е воведена

Лукаревска: „Мој ДДВ“ ги дава резултатите за целите за кои е воведена

Димковски: Со конкретни мерки, промоција и поддршка на извозот го развиваме органското производство

Димковски: Со конкретни мерки, промоција и поддршка на извозот го развиваме органското производство

13 милиони евра од ЕБОР за побрз и полесен транспорт

13 милиони евра од ЕБОР за побрз и полесен транспорт

Ова се топ пет професии со највисоки плати во земјава

Ова се топ пет професии со највисоки плати во земјава

СТАТИСТИКАТА ПОКАЖА: Се зголемила просечната плата во Македонија

СТАТИСТИКАТА ПОКАЖА: Се зголемила просечната плата во Македонија

Почитувањето на човековите права е обврска на државата и на сите сопственици на бизниси, менаџери(-ки) и вработени

Почитувањето на човековите права е обврска на државата и на сите сопственици на бизниси, менаџери(-ки) и вработени

Анѓушев: Се чека согласност на сите за минималната плата

Анѓушев: Се чека согласност на сите за минималната плата

ЌЕ ВАЖИ ЗА ЖЕНИ СО 60 И МАЖИ СО 62 ГОДИНИ: Ќе работат по 6 часа

ЌЕ ВАЖИ ЗА ЖЕНИ СО 60 И МАЖИ СО 62 ГОДИНИ: Ќе работат по 6 часа

Арцелор Митал стана дел од Либерти Стил на моќната ГФГ Алијансата

Арцелор Митал стана дел од Либерти Стил на моќната ГФГ Алијансата