18 Декември, 2025
0.0524

ХРОНИЧНИТЕ БОЛНИ НА СИЛЕН УДАР ОД ВРЕМЕНСКИТЕ ПРОМЕНИ: Интернистката Виолета Христов открива како да си ја олеснат состојбата

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2023 07:27

Добивај вести на Viber

Наутро сонце, попладне дожд. Еден ден едвај се дише, следниот веќе темературата опаднала за 10-тина степени. Голем број научни студии укажуваат на фактот дека временските услови можат да влијаат на влошување на некои медицински состојби.

Ваквите промени особено тешко ги поднесуваат луѓето кои страдаат од некои хронични заболувања. Посебно се чувствителни оние кои имаат ревматски заболувања, астма, ХОББ, исхемични промени и срцева слабости проблеми и висок крвен притисок.

Во разговор за Фактор, д-р Виолета Христов, специјалист интернист посочува дека при вакви нагли временски промени, особено кога влажноста е огромна, најважното нешто за астматичарите и за луѓето кои имаат висок крвен притисок е да не праватн никакви физички напори, особено не во затворени простории, каде влажноста е уште поголема.

-Големи варијации на температурата и високиот процент на влажност во воздухот траат подолг период во нашата земја. Од временските прилики навистина најмногу се погодени хроничните болни, а симптомите се најразлични. Пациентите се жалат на замор, велат дека им пулсираат нозете, чувствуваат замор и тежина кога се движат, ги болат мускулите. Чести проблеми, особено  при промена на времето, со кои се соочуваат пациентите кои имаат хронични заболувања се и главоболки кои им траат со денови, отежнато дишење, зуење во ушите, вртоглавици, градна болка, посочува д-р Христов.

Кога станува збор за луѓето кои имаат астма или Хронична опструктивна белодробна болест-ХОББ, како шт појанува интернистката, тие едвај дишат. При зголемена влажност им се намалува капацитетот на дишењето и тоа им прави сериозни проблеми.

-Во ваков случај никако не се дозволени физичките активности, а тоа посебно важи за жените. Значи да не се прави генерално чистење на становите, куќите, да не се мачи организмот... Многу е важно да ја зголемат дозата барем за половина од терапијата што секојдневно примаат и тоа треба да е постепено, со помали дози. Оние кои страдаат од астма или ХОББ употребуваат  спрејови, аминофилин, и други кои им го подобруваат дишењето, но треба да вметнат и витамини и минерали со цел подобрување на дишењето, односно сатурацијата на белите дробови. Треба почесто да се хидрираат, значи вода и други течности, а да избегнуваат солено, вели нашата соговорничка.

Таа нагласува дека витамините и минералите придонесуваат и за подобрување циркулацијата на крвните садови, бидејќи временските промени особено лошо влијаат и на луѓето со висок крвен притисок.

-Од особена важност е да се регулира крвниот притисок бидејќи во овој период постои зголемен број на пациенти со невролошки испади со транзиторни исхемии на мозокот, а не се ретки ниту мозочните удари. Треба многу да се внимава што се козумира, особено е важно да се избегнува мрсната храна, алкохолот и како што и претходно нагласив, што помалку сол, вели д-р Христов.

Постојат и повеќе студии кои покажуваат дека постои огромна поврзаност меѓу болките во зглобовите како резултат на хроничните ревматски заболувања и промената на времето. Пациентите се жалат на интензивни болки во услови кога има големи временски промени.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери