ХРВАТИЦА ВРАБОТЕНА ВО ФЕЈСБУК:Овде се работи од 7 наутро до 20 часот навечер
Објавено во: Стил, Финансии 05 Јуни, 2016 21:48
Мирта Стантиќ на возраст од 22 години, од Загреб во 2010 година заминала за САД, и после студиите се вработила како стручњак за програми во Фејсбук.
Оваа млада девојка вели дека типично за американскиот начин на живот е тоа што многу се работи. Таа објаснува дека има многу вработени, но се работи многу.
„Во текот на првите неколку години од кариерата се работи од 70 до 100 часа неделно, за викенди и се работи и дома кога ќе се вратите од работа. Иако мојата работа во Фејсбук е за американски услови флексибилна, затоа што никогаш на работам за викенди, воглавно излегувам од дома во 7 наутро и не се враќам пред 20 часот навечер. Со таков животен ритам многу малку време има за други важни работи“ - раскажува таа.
Мирта заминала во САД заедно со семејството, но и покрај брзото темпо на живот наоѓа време да се дружи со Хрвати кои исто живеат во САД.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





