19 Декември, 2025
0.0452

Хрватска ги отвора вратите за сезонците, можете да заработите до 1.200 евра

Објавено во: Економија 15 Мај, 2021 07:15

Добивај вести на Viber

Хрватска и оваа година има потреба од сезонски работници, кои би се вклопиле во туризмот и угостителството.

Платите можат да достигнат и до 1.200 евра. Бараат келнери, готвачи, шанкери, бармени, собарки. Дел од македонските граѓани веќе имаат искуство со работа во Хрватска, и во текот на летото работат во оваа земја. Платите кои се нудат за сезонците се исти како и за домашните работници. Келнерите земаат од 750 до 1.200 евра, а готвачите од 800 до 1.200 евра. За ова лето Хрватите планираат дека летната сезона ќе трае 3 месеци, а дали ќе имаат гости во септември и октомври ќе зависи од епидемиолошката состојба.

„Доколку се работи за позиции како келнери, бармени, тогаш се пријавуваат  млади луѓе, но за собарки има и жени на возраст од 55 години кои аплицираат. На луѓето им е важна висината на платите, но голема улога играат и квалификациите кои ги поседуваат да можат да аплицираат за работа. Српско – хравтскиот јазик не е толку важен, колку што е важен англискиот за работа во Хрватска, затоа што таму сѐ повеќе има туристи од Германија, Италија, од скандинавските земји. Ги работиме Брач и Пореч, и еве 6 години имаме луѓе кои одат да работат во Хрватска“, објаснува Милан Џинлев од агенцијата „Приорити солуции за вработување“.

Првите групи работници од земјава во Хрватска ќе заминат кон крајот на мај или почетокот на јуни. 

„Едно лето имам работено во Хрватска во туристичкиот сектор и сум  задоволна. Бев ангажирана четири месеци, но тоа беше пред пандемијата и доколку имам прилика пак би отишла. Имам роднини во Хрватска и тие ми помогнаа околу пронаоѓање на работата“, вели млада девојка од Куманово.

Изминатите години беа пласирани информации дека на Хрватска во годините кои доаѓаат ќе ѝ требаат од 30.000 до 35.000 сезонци. Кандидатите кои имаат искуство во овој сектор, можат да аплицираат и за работа во Дубаи. Деновиве пак Црна Гора донесе одлука минималецот за странците и за домашните работници да биде ист, но македонските работници во оваа земја најчесто заминуваат преку посредници и лични контакти.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии