06 Мај, 2024
0.0267

Хрватска го продава „Голи оток“: На местото на злогласниот логор ќе никне туристички комплекс

Објавено во: Балкан 01 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Островот „Голи оток“, познат по злогласниот логор во кој на најбрутален начин се мачени и убивани луѓе кои комунистичкиот режим на Јосип Броз ги сметаше за државни непријатели, се наоѓа меѓу 100 недвижности кои се во државна сопственост и кои Хрватска ги ставила на продажба.

Канцеларијата за Државно Управување со имот (DUUDI) наведува дека зградата на поранешниот логор на „Голи оток“, кој се простира на 4 500 квадратни метри, со години пропаѓа. Само во летните месеци туристите доаѓаат да ги видат некогашните зандани, а останатите месеци островот го посетуваат само галеби, пишува хрватски Јутарнји.хр.

Управникот на „ DUUDI“ Младен Пејновиќ вели дека до 15 семптември ќе примаат понуди.

„Сакаме да обезбедиме услови на „Голи оток“ да се направи меморијално-туристички комплекс. Таму постојат делови кои се предвидени за туризам. Меѓутоа, не е поентата во тоа ние како државно тело да му измислуваме и предлагаме намена“, вели тој додавајќи дека за „Голи оток“ постои голема заинтересираност.

Одборот за човечки права во хрватскиот парламент пред пет години покрена иницијатива да се донесе посебен Закон за спомен подрачјето на „Голи оток“. Меѓутоа, Владата се уште не го предложила овој закон на Парламентот, а министерството за култура вели дека нема пари за формирање и одржување на тоа спомен подрачје.

Запуштените згради на поранешниот логор се наоѓаат на југозападниот брег на „Голи оток“. Затворскиот комплекс се состои од управна зграда, која е изградена во 1950 година од камени блокови кои логорашите ги исекле со свои раце, а која во логорскиот жаргон се нарекувала „хотел“. Тука се остатоци од зградата за прием и отпуштање, зграда во која се наоѓале карантин и болница, зграда за исповед, како и комплексот „жица“, како што логорашите го нарекувале делот од зградите опкружен со жица во кој биле бараките за спиење.

Проценките за бројот на политички затвореници кои во нрчовечки услови робуваа на „Голи оток“ се движи од 10.000 до 30.000 луѓе. Исто така бројот на нереќниците кои таму ги оставиле коските се движи од 400 до 5000.

Меѓу 100-те недвижности понудени на продажба е еден симбол на поранешниот режим - поранешно училиште во Кумровец. „Немаме идеја што би можело таму да се направи, чекаме понуди„ вели управникот.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари