„ХРВАТСКА ПОСКАПА ОД ГРЦИЈА И ШПАНИЈА“: туристите во шок, 'сè стана прескапо'
Објавено во: Балкан 08 Јуни, 2025 17:56
Британскиот таблоид „Експрес“ пишува за тоа како бројот на туристи во Хрватска нагло се намалил поради големото зголемување на цените, без да го поткрепи ова тврдење со конкретни податоци, но напоменувајќи дека главната причина за овој пад е големиот скок на цените.
Експрес пишува дека „со години, балканската земја е омилена дестинација за туристи од Германија, Австрија, Чешка и Италија, кои биле привлечени од пониските цени“.
Сепак, истакнуваат тие, во последните три години цените на туристичките услуги во Хрватска се зголемиле за дури 50 отсто, што ја прави Хрватска поскапа од нејзините два најголеми туристички конкуренти - Шпанија и Грција, каде што трошоците се зголемиле само за 15-20 проценти во истиот период, пренесува tportal.
Иако текстот на авторот Џон Варга не дава никакви конкретни илустрации за тоа тврдење, авторот проценува дека главната причина за зголемувањето на цените лежи во растечките оперативни трошоци во угостителската индустрија, што довело до стагнација на бројот на ноќевања и пад на туристичката потрошувачка.
Единствената бројка што се споменува во текстот е намалувањето на приходите од туризам од минатата година за 0,7 отсто во споредба со претходната година.
Како главен аргумент за своите тврдења, авторот ги наведува индивидуалните корисници од Tripadvisor, па така еден Норвежанец вели дека цените скокнале два до три пати за две години.
„Хрватска беше нашиот прв избор за летен одмор, но сега за жал сè стана прескапо. Не знам дали ќе се вратиме. Жал ми е што Хрватска се развива во овој правец“, вели неименуваниот Норвежанец.
Но, ова не се единствените објави со поплаки за цените на хрватското крајбрежје.
Последниве години се повеќе граѓани револтирано коментираат на социјалните мрежи дека цените во оваа земја нагло скокнаа откако Хрватска е префрли на користење на еврото како официјална валута.
Но, она што зачудува во поновите објав е цените од 1.000 евра за изнајмување лежалки.
Затоа дела од посетителите имаа и зајадливи коментари од типот „Добредојдовте на Ибица“ со фотографија од ценовник на плажа во Сплит, каде цените за лежалка варираат од 35 до неверојатни 1.300 евра.
„Додека има овци, ќе има и стрижење“, стои во еден од коментарите кои ја отсликуваат фрустрацијата. Многумина веќе размислуваат да го заменат Јадранот со Грција, Турција или Црна Гора, каде цените сè уште нудат повеќе за вложеното.
Според податоците од платформата Numbeo, Сплит е поскап од познатите европски дестинации како Ибица, барем кога станува збор за угостителските и туристичките услуги. И тоа уште пред официјалниот почеток на сезоната.
Ова лето, велат експертите, ќе биде тест за тоа колку туристите се подготвени да платат за адријатското искуство. Додека цените се качуваат, довербата и задоволството се чини дека одминуваат.
Хрватскиот туризам, одамна препознатлив по природната убавина и гостопримството, ризикува да стане симбол на претераност и алчност. Прашањето што сè почесто се поставува е – дали Јадранот останува дестинација за сите, или станува луксуз резервиран за малкумина?
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





