05 Декември, 2025
0.0521

Хрватска се откажа од учество на Евровизија

Објавено во: Стил 19 Септември, 2013 13:46

Добивај вести на Viber

Хрватската радиотелевизија соопшти дека годинава нема да учествува на Евровизија, односно дека државата нема да има свој претставник на ова традиционално музичко натпреварување. Во соопштението стои дека сепак во зависност од интересот на јавноста, ќе се донесе одлука дали директно ќе се пренесува финалната вечер од Евросонгот. Одлуката да не се учествува на Евровизија, според ХРТ е поради тешката економска состојба во државата, која налага да се води сметка за начинот на трошење на собраните пари од претплатата.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: