05 Декември, 2025
0.0302

Хрватската влада ќе ја спасува „Croatia Airlines“ од банкрот

Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2012 13:37

Добивај вести на Viber

Хрватската влада одлучи да ја спаси и зачува националната авиокомпанија „Croatia Airlines“ со докапитализација тешка вкупно 800 милиони куни (106 милиони евра), објави денеска во Загреб Синиша Хајдаш Дончиќ, министерот за транспорт и инфраструктура. Докапитализацијата ќе се спроведе технички во две фази. Во првата фаза, Владата долгот од 652 милиони куни, кој главно се должи на набавката на новите Ербас авиони, ќе го претвори во свој сопственички  удел.  Во следните две години од државниот буџет во оваа компанија ќе се слеат уште 150 милиони куни. Од „Croatia Airlines“ се очекува во следниот период да ги зголеми приходите и да го рационализира своето работење. Според плановите дека од 1130 вработени, 10%  може да бидат прогласени како технолошки вишок. Планот за докапитализација мора прво да го одобрат акционерите на „Croatia Airlines“ и синдикатите,  што според Министерот е услов Владата да влезе во овој проект. Ако овој план се одбие, Министерството не ја отфрла можноста хрватскиот авиопревозник да банкротира.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година