ХРВАТСКИ ГРАД СЕ НАЈДЕ НА ЛИСТАТА НАЈДОБАР ЗА ЖИВОТ И ПЕНЗИЈА - еве кои се причините
Објавено во: Балкан 25 Август, 2024 18:21
Некои пензионери сакаат да ја искусат културата на нивните предци, додека други можеби ќе сакаат да поминуваат повеќе време на континентот во кој уживале за време на нивниот одмор.
Сè поголем број пензионери низ Европа и од САД одлучуваат да се пензионираат надвор од нивните матични земји. Според американската Администрација за социјално осигурување, повеќе од 700.000 Американци ги добиваат своите месечни пензии во странски земји. Европа е особено популарна дестинација, а неколку фактори објаснуваат зошто.
Некои пензионери сакаат да ја искусат културата на нивните предци, додека други можеби ќе сакаат да поминуваат повеќе време на континентот во кој уживале за време на нивниот одмор. Во зависност од земјата или градот, европските дестинации можат да понудат ниски трошоци за живот, пријатна клима или висок квалитет на живот.
Бидејќи има многу фактори што треба да се земат предвид, се препорачува да се побара стручен даночен совет и да се истражуваат здравствената заштита, барањата за виза и престој, трошоците за изнајмување, инфраструктурата и јазикот.
Сплит, Хрватска
Како што наведува порталот Travel and Leisure, Хрватска, која станува се попопуларна туристичка дестинација, е многу привлечна и како место за пензионирање. Не само што земјата има околу 5.800 километри крајбрежје, туку топлите, суви лета и благите зими создаваат пожелна клима. Вториот по големина град во земјата, Сплит, нуди лесен пристап до некои од најдобрите плажи во Хрватска. Римскиот император Диоклецијан ја изградил својата палата таму, а неговите останки се вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Ресторани, барови, културни и забавни места и многу жители што зборуваат англиски ја прават адаптацијата релативно лесна.
Американските граѓани кои имаат намера да останат подолго од 90 дена мора да поднесат барање за дозвола за привремен престој, а по пет години живеење во Хрватска можат да стекнат право на постојан престој. Американците можат да купат недвижен имот и во Хрватска. Здравствената заштита се смета за адекватна, а достапни се и лекари кои зборуваат англиски, пренесува tportal.
На листата се и: Алгарве, Бордо, Будимпешта, Љубљана, Аликанте, Валета, Кинсејл и Прага.
ПословниМожеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




