15 Јануари, 2025
0.0465

Хрватски консултант ќе добие 22,6 милиони евра за македонските автопати

Објавено во: Економија 04 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Хрватскиот институт ИГХ потпишал договор со Македонија за услугите за стручен надзор и правен совет за изградба на новите автопатишта што се планираат на  коридори 8 и 10д, во вкупна вредност од 22,6 милиони евра, соопшти компанијата.

Договорот станал валиден во средата, 3 август, а беше потпишан од загрепскиот Институт IGH, како водечки партнер, во конзорциум со Институтот за патишта и Јавното претпријатие за државни патишта на Република Северна Македонија, пренесува хрватски Индекс.

Работата се однесува на услугите на стручен надзор и правен совет за изградба на споменатите паневропски транспортни коридори во Македонија, кои автопатски ќе го поврзат Гостивар со албанската граница по Струга, како и автопатот Битола - Прилеп.

Консултантот за изградба на коридорите 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и 10 Д (Делница на автопатот Прилеп-Битола), треба понатаму да каже колку ќе чинат овие автопати.

Според објавата на веб-страницата на Загрепската берза, вкупната вредност на договорот е 22,6 милиони евра (без ДДВ), додека учеството на Институтот ИГХ е 8,7 милиони евра (без ДДВ).

Времетраењето на договорот е 58 месеци, при што првата фаза опфаќа преговори, проектирање и извршување 46 месеци, а втората фаза е гарантен рок од 12 месеци.

Новите автопатишта во Македонија ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ преку услови овозможени со посебен закон.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари

КОЈ Е ЖАН ЈИМИНГ, ВИЗИОНЕР ШТО ГО ОСНОВАШЕ ТИК-ТОК - тој е најбогатиот Кинез, има 49,3 милијарди долари