20 Декември, 2025
0.0342

„HTC“ се смири со „Apple“

Објавено во: Свет 11 Ноември, 2012 19:58

Добивај вести на Viber

Американската компанија „Apple“ и тајванската „HTC “ ја запреа војната за патенти, откако потпишаа 10-годишен договор, пренесува Ројтерс. На овој начин се става крај на бројните спорови меѓу двете компании за производство на паметни телефони. „Apple“ ја тужеше „HTC“ од 2010 година и ја обвини тајванската компанија дека без дозвола користела дел од нејзините патенти при производството на паметни телефони. Тоа беше и првата голема тужба, поднесена од страна на производителот на „iPhone“ против компанијата која го користи оперативниот систем на Google - Android. Двете компании не ги откриваат деталите од потпишаниот договор. Во заедничка изјава, главниот извршен директор на „Apple“ Тим Кук вели дека е среќен поради ваквото решение. „Ние и понатаму ќе бидеме фокусирани на нашите производни иновации“, изјави Кук за медиумите. Главниот извршен директор на „HTC“, Питер Чоу вели дека неговата компанија е задоволна од решавање на спорот, па како што вели тој, сега може да се фокусира на иновации, наместо на судските процеси. По првиот спор помеѓу „Apple“ и „HTC“, компанијата ја продолжи битката за патентите со конкурентите „Samsung Electronics“ и „Motorola Mobility“, сопственост на Гугл. Производителот на „iPhone“ го доби спорот против Самсунг од 1.05 милијарди долари во август, но нема голем успех во судските спорови против Моторола. „Apple“ постигнаа најголем успех во споровите токму против „HTC“ кога САД забрани некои од моделите на паметни телефони произведени од тајванската компанија да се продаваат на профитабилниот американски пазар. „HTC“ е силно погодена од конкуренција на „Apple“ и „Samsung“. За минатиот месец нејзиното раководството нејзината прогнозираше пад од  14,5% на приходите од четвртиот квартал во споредба со истиот период лани.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја