24 Април, 2024
0.0251

Huawei ja претстави новата серија на смартфони Mate 20

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Компанијата се потпира на мобилната фотографија, вештачката интелигенција и се натпреварува самата со себе 

Кинескиот технолошки гигант Huawei ја претстави денеска во Лондон својата нова серија - Мате 20 и Мате 20 Про, пишува бугарски Капитал. Телефоните уште еднаш ќе се промовираат со камери развиени со Leica, заедно со вештачка интелигенција и нов 7-нанометарски чип, кој според информациите на компанијата ги прави паметните телефони најбрзи на пазарот. Мате 20 дебитираше пред помалку од седум месеци на пазарот, по воведувањето на P20 и P20 Pro паметните телефони, чиј маркетинг, исто така, се фокусираше околу подобрувањата на камерата и вештачката интелигенција. Така, во пракса, Huawei се натпреварува со себе, покрај традиционалната трка меѓу кинеската компанија, корејскиот Samsung и американскиот Apple.

Телефоните ги претстави извршниот директор на Huawei, Ричард Ју, кој ја направи традиционалната споредба на новите телефони на компанијата со конкурентните модели на iPhone и Samsung Galaxy.

Новата серија Mate 20 ќе се полни со микропроцесорот Kirin 980, кој беше презентиран на крајот на август на изложбата IFA во Берлин. Процесорот е првиот 7-нанометарски чип во светот и е развиен од страна на Huawei Group. Ју, исто така, обрна внимание на други иновации на телефони кои вклучуваат безжичен телефон,  полнење од друг телефон, поголема брзина на конекција и вграден сензор за отпечатоци на самиот екран. Досега, компанијата не објави кога ќе ги лансира новите уреди и по која цена.

Huawei наспроти Huawei

Мате 20 телефонитe ќе излезат на пазарот со нивните традиционални конкуренти од Samsung, Apple и Huawei P20 и P20 Pro кои се презентирани во март. Според податоците на компанијата од телефоните Мате 10, презентирани во 2017 година, 10 милиони единици се продадени ширум светот. P20 и P20 Pro беа продадени исто толку, но само за пет месеци.

Традиционално, фокусот на телефоните ќе падне на камерите, кои овој пат беа развиени од страна на компанијата Leica camera. Двата Mate 20 и Mate 20 Pro ќе имаат три задни камери. Huawei останува на мобилната фотографија во своите телефони од 2016 година, кога на пазарот се појавува првиот P9, првиот телефон со двојна камера развиен од Leica.

Претходно оваа година, Huawei успеа да ја надмине продажбата на паметни телефони на Apple и стана втор најголем производител во секторот по Самсунг.

Фото Капитал.бг

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи