19 Декември, 2025
0.0452

ХУМАНИТАРНА МИЗЕРИЈА: помошта се дели по партиска линија, координацијата на терен е никаква!

Објавено во: Економија 12 Август, 2016 07:58

Добивај вести на Viber

Бев сведок на вистинска хуманост, луѓе кои безрезервно меѓусебно си помагаат без разлика на фактот што и самите претрпеле штета. Но и бев сведок на поделба на труд врз партиска основа. Не можам да кажам дека секоја од куќите во која  бевме упатени немаа потреба од помош, но навистина ми е дегутантно од фактот дека кај некои луѓе помошта ќе стигне пред другите не затоа што се повеќе погодени од несреќата,  туку поради фактот што имаат партиска книшка. Не треба да не чуди фактот што политичките партии се обидоа да го политизираат прашањето и да го искористат како ПР кампања, треба да не чуди фактот што оваа кампања не беше проследена од координирана акција од страна на институциите за санација на штетата - вака  за Фактор  го раскажува своето неколку дневно искуство на терен студентот Исмет Шабановиќ кој работеше во најзагрозените семејства. 13887039_1256509204361473_4229771569105565119_nВеднаш по страотната поплава која зафати десетина скопски села тој и неговите другари се организирале и самоиницијативно заминале во најзагрозените места. Нема простор за страв, вели Исмет, само желба за помош. Ситуацијата  неможе да ја  опише со зборови. Хаос, катаклизма, трагедија, маки по народ- што и да кажете додава, нема да погрешите. Разочаран е што овие неколку дена покрај хуманост и несебичност забележал и неправда при распределба на хуманитарната помош, некоординираност во санирањето на штетите, партизација и промоција на маката  на најзагрозените. Па наместо итна санација, земјава вели  доби кризен штаб и армија кои  штотуку почнуваат  да учат  како се користат пумпите за вода, а да е ситуацијата пострашна оваа катастрофа владејачката структура проба да ја искористи како пред изборна ПР кампања. 13920755_1256509157694811_3260789780529953059_n “Ужасната несреќа за жал наjјасно ја опишува состојбата која со години владее во државата. Од една страна гледаме неспособни и неспремни институции да се сносат со проблемите,  а онаму каде се нуди помош истата е селективна и нецелосна. Со години наназад токму партизираните институциите со сите свои недостатоци се главната кочница во решавањето на проблемите. Нашите институции се едноставно, киднапирани, целосно партизирани , претворени во штабови на владеачката структура каде што влезниот билет одамна веќе не е дипломата туку партиската книшка, и заради една ваква понижувачка ситуација во која се западнати истите, ние и не можеме да очекуваме ништо друго освен да тие при една ваква криза бидат изгубени како гуски во магла. Неспремноста на оваа администрација да се справи со поплавите најјасно ја гледаме во т.н. ад хок кризен штаб кој наместо да функционира како редовна институција спремна за ваква природна катастрофа тој се формира по настанувањето на штетата. Секоја држава располага со буџетски средства за кризни ситуации па така и нашата. Но за разлика од останатите нашата државата не е спремна и не знае како да ги искористи истите”- вели студентот Шабановиќ. 13962656_10205349497617358_3351831350084235227_n Новоформираниот кризен штаб  според него треба да постои како веќе функционална институција која е координирана и знае како да реагира при ваква непогода за  што е можно поефикасно да се санира штетата. “Не може претседател на партија – човек без никаква функција во државата, да ги координира службите. Не може преку телефонски разговор да истиот господин дава наредби за тоа кој, што и како треба да прави. Мора да разбере дека тој никакви ингеренции за издавање на такви наредби- НЕМА! Таа работа треба да си ја вршат професионалци, задолжени да во ваков кризен период помогнат со целото свое знаење и искуство што го имаат. Од друга страна, овие примери само ни ја појаснуваат поврзаноста и изедначеноста на партијата со државата. Ваквиот тек на настаните и допринесува да на теренот имаме целосна некоординираност. Буквално, не се знае кој пие,а кој плаќа”- реагира студентот. Ваквата слика како што вели е само последица на целокупниот системски аматеризам кој владее со години. Поплавата додава тој, покажа дека и покрај општествено-политичките неприлики низ кои минува нашата држава изминатиот период  сепак постојат ситуации како што е оваа каде што едноставно сите поделености и обележја стануваат неважни , и единствено важно кое  обединува станува желбата да се помогне на нашите сограѓани. БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ Поради најавата за ново невреме смета дека треба  да има побрза санација на последиците од поплавата. “Војската на многу места доцни, не се издаваат насоки на волонтерите за тоа како да стигнат до најкритичните предели, и можеби најстрашно - хуманитарната помош која со денови стига се дели многу тешко,ретко и селективно. Се плашам само дека сето ова на крајот ќе влијае да бројот на жртвите од поплавите кои го погодија главниот град драстично се зголеми. На терен е хаос. Поплавени куќи, превртени коли, уништени дворови, смрдеа која се шири насекаде, но сепак, најтрагичното кое не затекна беше лицето на оние на кои поплавата им ги однела најблиските. Таа ужасна слика за мене, а верувам дека и на другарите кои беа со мене , најтешко ни падна.Хуманитарна помош има, луѓето и покрај големата сиромаштија и лош стандард на живеење , помагаат.  Некој преку донации, некој како нас, волонтирајќи но , во секој случај хуманоста ја покажуваме на вистинскиот начин” - објаснува Шабановиќ. ПОТРЕБНА Е ВИСТИНСКА КООРДИНАЦИЈА На терен вели  е потребна  многу поголема координираност бидејќи има голем број на граѓани кои сакаат да се приклучат кон волонтерските акции но се одвратени поради недостатокот на информации. Ова лошо менаџирање на ресурсите од страна на институциите, според Шабановиќ  доведе до создавање на самоиницијативни и самоорганизирани групи на граѓани кои одат од куќа во куќа и на своја рака пробуваат да помогнат. “Мислам дека поплавата допринесе да се вратат некои елементарни човечки вредности кои изминатиот период заради политичката криза која во потполност ја зафати нашата држава, беа притаени. Секако,. Мислам дека оваа не себична помош и хуманост од страна на граѓаните е за поздрав но исто така сметам дека доколку овие граѓани се поефективно координирани од страна на институциите, санацијата ќе се одвива многу побрзо. Не смеат да се дозволат пропусти на било кој план. Мораме да ја разбереме ситуацијата крајно сериозно бидејќи доаѓа период на постудени денови, а многу луѓе ќе останат без покрив на главата. Исто така доколку на време не се интервенира и санира голем дел од штетата, може периодот кој доаѓа да ни донесе и многу големо зло, какво што е - епидемијата. Искрено , се надевам дека многу брзо надлежните служби ќе ја разберат сериозноста на ситуацијата и дека конечно ќе ја превземат контролата врз погодените краеви”- нагласува Исмет. ВРЕМЕТО ГАЗИ Ситуацијата е алармантна, времето гази, постои опасност од зарази. Затоа вели  е вистинско време оваа ситуација  да ги поттикне граѓаните  работите да ги гледаат подолгорочно. Оваа катастрофа смета дека ќе ги разбуди како институциите така и луѓето дека во иднина треба да бидат  спремни за природни непогоди и дека ова не е “Божја волја” туку неуспех на една држава да си го заштити населението. “Се сеќавам, дента по поплавата многу луѓе кажуваа дека не сме виновни ние, ниту институциите и дека ваква катастрофа никој не можел да спречи. Како што изминуваат деновите , истите тие се соочуваат со сите изнесени факти за тоа како надлежните едноставно не ги превзеле потребните мерки со кои можеби не би допринеле да не се случи тоа што се случи, но во секој случај катастрофата би била од драстично помали размери.Така да, мислам дека трагедијата која ни се случи ќе допринесе да сите ние почнеме да гледаме малку  подлабоко и посуштински на работите кои не опкружуваат”- забележува  Исмет. Одговорност порачува  студентот од Факултетот за драмски уметности   треба да се бара и ќе се бара! Одговорни како што вели се оние кои не предупредија на време, а можеа! Одговорни се оние кои не изградија канализација, а можеа! Одговорни се оние кои не реагираа навремено, а можеа! Одоговорни се оние кои на прашањето дали треба да понесат одговорност возвраќаат со не е сега време за тоа. Време е, порачува,  ќе има одговорност! С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите