Хуманитарната помош има приоритет на српските граници
Објавено во: Балкан 19 Мај, 2014 22:15
Српската Царинска управа ги презеде сите мерки и ги поедностави царинските процедури за да се намали задржувањето на хуманитарната помош на границите. Сите царински службеници имаат прецизни инструкции каде треба да ја упатат хуманитарната помош, која пристигнува од други земји.
На царинскиот Терминал Белград, одреден како центар каде што се собира хуманитарната помош од странство, комбиња и камиони чекаат да се ослободат магацините на Црвениот крст за да ја истоварат помошта. „Дадовме налог до сите службеници пратките со хуманитарна помош да ги сметаат за приоритетни. Според тоа, доволно е транспортното средство да се појави и нашите вработени веднаш ќе го преземат и тоа многу брзо, без какви било проблеми, ќе влезе во царинското подрачје и ќе стигне на својата цел“, изјави помошник-директорот на Царинската управа на Србија Веселин Милошевиќ. Во исто време, цариниците добиле задолжение во исклучителни ситуации, кога од објективни причини превозникот не е во можност да ангажира шпедитер, самите да ја пополнуваат декларацијата и да ја обработуваат кога се однесува за пратките со хуманитарна помош. Клучна информација за сите оние што испраќаат хуманитарна помош во Србија, а немаат прецизна информација кому ја праќаат, истата да ја упатат на царинскиот Терминал Белград (11568). Таму 24 часа се присутни претставници на Црвениот крст, царинската служба и полицијата, кои пратката ќе ја упатат до оние на кои им е најпотребна.Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




