И без документ за коронавирусот, блиските на загинатите ќе можат да влезат во Бугарија
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021
Вo Бугарија ќе биде дозволен влез за блиските роднини на настраданите во тешката автобуска сообраќајна несреќа без разлика дали поседуваат документ поврзан за мерките за заштита од пандемијата со коронавирусот.
Од бугарските погранични органи донесена е одлука за измена на протоколот за влез во Република Бугарија за Ковид-19, објави Националниот координативен центар за гранично управување. Загинаа 46 луѓе, меѓу кои и деца.