20 Декември, 2025
0.0382

И без санкциите на Обама вредноста на рубљата ќе паднеше

Објавено во: Економија, Свет 22 Декември, 2014 11:55

Добивај вести на Viber

Сојузните резерви на САД ја променија политиката и започнаа да го јакнат доларот, додека вредноста на валутите на земјите во развој, меѓу кои е и рубљата, започна да паѓа. Ова во изјава за „РИА Новости“ го тврди првиот заменик на претседателот на Комитетот во Државата дума за економска политика Михаил Емелјанов. Според него снкциите кои САД ги спроведуваат имаат минимално влијание врз економскиот пад на земјата. „ Силниот пад на вредноста на рубљата во последните неколку месеци не е заслуга на претседателот на САД, Барак Обама. До падот дојде поради прекинот на политиката на „квантитативно попуштање“ од страна на Сојузните резерви на САД. Нив им одговара така да работат, да ја развиваат својата економија и тоа воопшто не е завера против нас“, нагласува Емелјанов. Според него проблемот е во нешто друго. Тој вели дека десет години наназад траело јакнењето на рубљата. Тоа пак било поврзано со политиката на „квантитативно попуштање“ во САД, во рамките на која доларот бил „пумпан“ во светската економија, вклучувајќи ја тука и руската. Поради тоа доларот ја губел својата вредност, а рубљата непропорционално, вештачки јакнела. „Тоа што Обама кажува дека санкциите се негова заслуга - тоа е само толкување на ситуацијата во своја корист. Да не беа санкциите, ситуацијата ќе беше иста. Санкциите најмалку влијаеја на падот на рубљата“, истакнал Емелјанов. Системот на сојузните резерви на САД одлучи да ја прекине програмата на „квантитативно попуштање“ и да ја задржи основната каматна стапка на ниво од 0 до 0,25% годишно.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба