06 Декември, 2025
0.0305

И Били Ајдол ќе донира за загрозените во поплавите

Објавено во: Стил 19 Мај, 2014 13:55

Добивај вести на Viber

Рок музичарот Били Ајдол, кој ќе одржи концерт во Белград на 25 јуни на Калемегдан, објави на неговиот Твитер, дека дел од приходите од концертот ќе ги донира за загрозените во поплавите.

Поддршка и повик за помош на населението погодено во поплавите во Србија упатија претходно по пат на социјалните мрежи, британскиот пејач Џејмс Блант и писателот Тони Парсонс.

Познатиот британски писател постави на неговиот Твитер налог фотографии од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина, како и броевите од жиро сметката на која може да се уплати помош.

- Мислев многу на моите пријатели кои ги имам во Србија, кои страдаат во овие тешки моменти, напиша Парсонс, кој повеќе пати претстојувал во Србија.

Блант, кој во 90-тите години служел на Косово во рамките на меѓународните воени сили, подели на неговиот Фејсбук профил фотографии со бројот на жиро сметката на која може да се уплати за помош на луѓето кои се загрозени во поплавите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: