И богати и сиромашни: Сите за во Шутка
Објавено во: Стил 28 Август, 2019 09:19
Местото зафаќа голема површина. Не е уредено по светски стандарди но има капацитет за многу луѓе. За секој по нешто.
Македонија, една од најсиромашните земји во Европа. И пак успеваме да се облечеме пристојно колку толку и убаво да изгледаме. Сите не можат да си дозволат скапа и брендирана облека.
Наливните парфеми се спас за повеќето, а чорапите 5 за 100 денари се некако исплатлива инвестиција. Фризерите станаа луксуз, а во шопинг центрите ако ни е нешто скапо ја прашуваме продавачката до колку работат, за демек да се вратиме подоцна и да купиме нешто.
Некои одат во Солун на шопинг. Тоа е веќе за средно- висока класа. Најбогатите купуваат во странство, а остатокот, односно најголемиот дел оди во Шутка, општина Шуто Оризари, на големиот пазар. Таму во неделите врие како во кошница.
Импровизирани тезги на сите страни, шаторски крила и големи најлони, натиснати продавнички, ечи гласна музика, а трговците се надвикуваат и уште од рано наутро спремни се да ве убедат да купите “оригинал” или “вистинска кожа”. Нема што нема. Како на панаѓур, дури и мириса на пушено мевце од околните сендвичари. Најмногу се продава облека и обувки. Па така, има фармерки за 500 денари, панталони за 400 денари, блузи за 200 денари, фустани за 400 до 600 денари, кошули за 300 денари, а чевли можат да се најдат дури и за 100 денари.

Претежно е солидна роба која не значи дека нема квалитет. Само треба да се бара и бира. Во богатата понуда може да се најдат и завеси, бела техника, чинии, постелнини, украси за домот…
Еден стар трговец вели дека на луѓето им е евтино овде и идат од сите краеви на земјава, дури некои купуваат и на големо. Додава и дека сите немаат пари за луксуз па затоа Шутка им е спасот. Секој со своето, би рекле! На одредени артикли нема етикети или се исечени, на други се забележуваат етикети од познати марки како “Армани” или Долче и Габана”.
Повеќе од сторијата може да прочитате на Машки Магазин.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





