28 Март, 2024
0.0825

И џек-потот носи проблеми: Доби 148 милиони фунти, ама ги изгуби пријателите!?!

Објавено во: Стил 08 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

И освојувањето на џек пот Премијата си носи свои проблеми. Ова многу добро го знае Британецот, Адријан Бејфорд откако освои 148 милиони фунти на лото, морал да ја затвори својата музичка продавница бидејќи многумина го молеле за пари.    лотарија „Еуромилионс“,

Бејфорд кој инаку е татко на две деца и покрај Премијата, сакал да продолжи да работи во приватната музичка продавница во Хаверхил, но тоа станало невозможно.

„Адријан имаше проблеми поради луѓето кои доаѓаа во продавницата и се обидува да му „измолзат“ пари“, вели еден од неговите соседи.

Пред да ја отвори продавницата, Бејфорд работел како поштар, а во минатото продавал половни ЦД на пазарот. Тој планирал да започне и со поправка на гитари. Сепак плановите очигледно ќе се сменат.

Кога тој и неговата сопруга разбрале дека ја освоиле главната награда, нарачале пица од интернационалниот ресторан за брза храна „Доминос“ и така го прославиле својот голем ден, по што резервирале лет за Шкотска, за со приколка да ја разгледаат оваа земја.

После освоената добивка скромните сопружници се најдоа на 516 место на листата на најбогати на „Сандеј тајмс“ и неодамна купија голема вила на селскиот имот во источна Англија, која чинела шест милиони фунти (повеќе од седум милиони евра).

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи