И директорот на Финансиска полиција оди во самоизолација - бил во контакт со Зекири
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2020
Директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми е во самоизолација, поради тоа што бил во контакт со пратеникот од СДСМ, Мухамет Зекири.
„Би сакал да ве информирам дека деновиве имав средба со г.Мухамет Зекири пред да излезе позитивен на тестирањето на Ковид 19. Од тие причини истиот ден одлучив да се самоизолирам согласно сите протоколи препорачани од надлежните институции“, напиша Муареми на неговиот Фејсбук профил.
Истакна дека нема никави симптоми и оти во текот на оваа недела ќе биде тестиран од Институтот за јавно здравје.
„На Мухамет Зекири заедно со фамилијата му посакувам што побрзо оздравување“, додаде Муареми во неговиот Фејсбук статус.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.