19 Декември, 2025
0.0673

И „Еленица“ на Заеви со државна помош за исплата на работниците

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2020 07:00

Добивај вести на Viber

ИГМ Еленица Струмица е едно од многуте претпријатија добитници на државна помош за исплата на минимални плати за време на кризата предизвикана од корона вирусот.  Со акционерско друштво за индустрија за градежни материјали управува братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев, додека Вице Заев, братот на актуелниот претседател на владеачкиот СДСМ, е Член на Управниот одбор. 

Опозицијата од секогаш оваа фирма ја поврзуваше со поранешниот премиер, за што Заев и во јавноста не негираше дека компанијата е дел од заедничкиот семеен бизнис како и неколку други такви. „Отворени финансии“ покажа дека на 14 мај на сметката на ИГМ Еленица од Владата на РСМ и биле исплатени 841.000 денари државна помош за плати за месец април. Пресметано, тоа се минимални плати од 14.500 денари за 58 вработени.

ИГМ Еленица произведува високо квалитетни тули и производи од глина за изградба на домаќинства и комерцијални градби неколку децении. Главно го снабдува домашниот пазар со високо квалитетни керамички блокови и има тенденција да го проширува бизнисот на пазарите во Косово, Србија, Албанија, Бугарија и Грција.

Главната мерка од економскиот пакет на Владата во справувањето со економските последици од корона-кризата e директната помош од 14.500 денари месечно за секој вработен, за месеците април, мај и јуни од сите фирми погодени од кризата, при тоа услов е тие да имаат намален приход за најмалку 30 отсто.

Според Владата, уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор е погодна дури за 87 отсто од компаниите и ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места. Сумата што ќе ја добие секој работник, за двата месеци, април и мај, изнесува 29.000 денари, скоро 500 евра, односно по 14.500 денари месечно.

„Еленица“ во 2018 година беше компанија со најголема добивка во Струмица. Со приходи од 5,16 милиони евра оствари добивка од 2,7 милиони евра, најмногу поради продажбата на дел од уделот што туланата го имаше во светиниколксата компанија МАМ, лиценцирана за производство на масло од канабис.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии