И ЕУ нема да се меша откако Русковска се пожали на притисок
Објавено во: Македонија 05 Август, 2022 17:56
Европската Унија(ЕУ) одговори по повикот на обвинителката Вилма Русковска која се пожали на притисоци.
Велат дека следат што се случува, ама нема да се мешаат во караницата меѓу шефицата на обвинителството за борба против организиран криминал, Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.
Од ЕУ за државната агенција МИА изјавија дека внимателно ја следат ситуацијата, но дека тоа прашање треба да го решат надлежните органи.
„Спроведувањето на владеењето на правото е еден од највисоките приоритети за Европската Унија. Тоа е суштински дел од претстојниот преговарачки кластер за фундаменталните вредности, кој прв ќе биде отворен во пристапните преговори со ЕУ. Постоечките закони на земјата ги пропишуваат соодветните надлежности на националните власти и начините на нивната меѓусебна соработка, кои треба да се почитуваат. Ова прашање треба да го решат надлежните органи“, вели Делегацијата на ЕУ во РСМ.
Вчера реагираа и од Амбасадата на САД во земјава, но тие повикаа надлежните органи да го решат проблемот. Муареми најави кривична пријава за Русковска, ја обвини за неетичко работење, а таа се пожали на притисоци.
Русковска повика ЕУ, САД, и европската обвинителка Лаура Ковеси да помогнат во случајот.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




