И ГРАЃАНИТЕ И ВЛАДАТА СМЕ НА ИСТА СТРАНА: Мицкоски најави мерки за поскапените производи за многу скоро време
Објавено во: Економија 22 Јули, 2025 11:22
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека за скоро време ќе има нови мерки за заштита на интересите на граѓаните, кога станува збор за поскапите производи во маркетите.
„И граѓаните и владата сме на иста страна, ќе излеземе со мерки кои ќе значат заштита на интересите на граѓаните. Многу скоро, кога ќе бидеме готови, ќе излеземе пред јавноста“, рече Мицкоски.
Ова доаѓа откако беше објавена минималната кошница за домаќинството за јули, која изнесува 65.328 денари – зголемена за 630 денари во однос на јуни. Со изнајмен стан од 60 квадрати, таа изнесува 80.703 денари.
Мицкоски, кој не се согласува со начинот на кој се прави социјалната кошничка, вчера посочи дека очекува наскоро да биде закажан Економско-социјалниот совет, на кој ќе се разговара и на темата за потрошувачката кошничка.
„На тој Економско-социјален совет претставниците на синдикатите, на работодавачите и Владата ќе разговараат и за потрошувачката кошничка, којашто мислам дека треба да биде поделена во пет сегменти: потрошувачката кошничка за самец, потрошувачка кошничка за млад брачен пар, за трочлено семејство, за четири члено семејство и потрошувачка кошничка за пензионери. Мислам дека треба во иднина да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошнички, затоа што потребите на луѓето се според возраста, се разбира. Но, исто така потребите на луѓето се во зависност од бројноста, како е сочината една заедница“, рече тој.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




