И грчки гости на првиот „Porta Jazz Festival” во Битола
Објавено во: Стил 02 Март, 2014 13:35
„Џезот има децениски корени во Битола и ќе направиме се таа субкултура да прерасне во нешто трајно, традиционално и високо вреднувано и од изведувачите и од публиката. Идејата за ваков фестивал повеќе од 10 години полека и долго ферментираше во нашите мисли, и конечно се искристализира како проект кој ќе ја обедини македонската џез сцена и ќе и приреди на публиката незаборавно музичко и естетско задоволство“, рече организаторот на фестивалот Влатко Христовски Дадо.
Покрај музичките настапи пред публиката, програмата на фестивалот ќе вклучува џез работилници и проекција на документарен филм за џез иконата Мајлс Дејвис. Локацијата на настанот во Битола е култниот клуб „Porta Jazz“ , препознатлив како децениско урбано прибежиште на добриот звук и трајните културни вредности.
Покрај домашната публика, интерес за фестивалот покажаа и гости од соседна Грција.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





