06 Декември, 2025
0.0301

И Хју Грант беше нејзин клиент: Интервју со Јована Хисмајер, тренер за личен развој

Објавено во: Стил 06 Февруари, 2019 08:11

Добивај вести на Viber

Нашата соговорничка Јована Хисмејер има интересна биографија. Родена е во Ниш, а по завршувањето на магистерските студии на природно-математичкиот факултет се сели во Виена. Кариерата ја започнува како модел, работејќи за познати брендови како Сваровски Нина Ричи, Роберто Кавали...Од Виена патот со родителите ја води во Дубаи, каде што интензивно почнува да работи на својот духовен развој. 

По посетата на многу светски едукации, семинари и анализи на работата на познати психолози, Јована станува тренер за личен развој. Работата во модната индустрија ја поврзува со многу светски познати музички ѕвезди, луѓе од светот на бизнисот, спортиси, политичари. Набрзо, се прославува како тренер за личен развој на познатите. Откако го напушта Дубаи и се враќа во Виена, патот и се вкрстува со Исидора Бјелица со која вели дека веднаш се нашле на иста фреквенција и се заеднички автори на книгата „Помагајте пријателки“. 

 Денес, живее во Виена а преку лето во куќата на море во Лимасол, на  Кипар. Мажена е за австриецот Матијаш Хисмаер кој е со благородничко потекло. Јована и Матијаш се родители на близнаците Хелена и Магнус кои имаат 11 години. Дел од нејзините клиенти е и познатиот актер Хју Грант. 

Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: