И Кајли Миног испеа негова песна: Успешната приказна на продуцентот Бобан Апостолов
Објавено во: Стил 08 Јануари, 2020 09:22
Иако за него не се пишува често во домашните медиуми, Бобан Апостолов е еден од нашите најуспешни продуценти и композитори кој со голема брзина гради интернационална кариера. Во 2006 година дипломира на ФМУ во Скопје. Осум години потоа, патот го носи во Лондон, а подоцна во Париз каде што се запознава со светски познати музичари.
Важна титула во неговата кариера е што станал Multi Platinum композитор и продуцент, но и гласачки член на Grammy Awards од 2014 година. Во овој период, Бобан паралелно работи на неколку поп-проекти за изведувачи од Франција, Канада, Швајцарија за кои повеќето се албуми.
„Во моментов компонирам за француската пејачка Jenifer, со која работев на нејзиниот последен албум, вклучувајќи и дует со Кајли Миног во соработка со Боб Синклер кој излезе неодамна, и албумот е продаден во над 100.000 копии. Освен тоа, работам и за познатиот пејач Matt Pokora (познат по соработките со Timbaland) за кој сум исто така композитор и продуцент на 2 песни од неговиот последен албум, како и саундтракот во филмот во кој што самиот тој е во главна улога“, открива Бобан за „Женски магазин“.
Целиот текст читајте го на Женски магазин, тука.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





