06 Декември, 2025
0.0569

И кучињата можат да распознаваат бои?

Објавено во: Стил 16 Мај, 2014 19:36

Добивај вести на Viber

Ако мислите дека одговорот на ова прашање е “не“, тогаш сте во грешка. Модерната наука го одговори ова старо прашање: Кучињата гледаат во боја, но не истиот начин како што тоа го прави човекот. Палетата на бои која што кучињата можат да ја видат се разликува и е ограничена во однос на она што може да го види и разликува човекот. Исто така, и интензитетот на боите кои што кучињата го гледаат е помал за разлика од интензитетот кој што го гледа човекот.

Очите имаат “стапчиња“ и “конуси“ кои што помагаат во идентификувањето на бојата. Стапчињата ни кажуваат колку нештото е светло или темно (црно или бело) додека конусите ни помагаат во идентификувањето на бојата. Човекот има три типа на конуси со кои што се детектираат жолтата, виолетовата и зелената боја.   Кучињата имаат само два типа на конуси и тие детектираат портокалова, жолта и зелена како жолта боја. Сино-зелената боја ја гледаат како бела додека црвената ја гледаат кафено-црна. Иако можат да ја гледаат сината боја, не можат да ги разликуваат сенките, особено кога сината боја станува потемна.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: