19 Декември, 2025
0.0380

И месец мај се придодаде кон слабата инвестициска активност во 2017-та

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2018 13:29

Добивај вести на Viber

Ниту во мај Владата не ја забрза слабата инвестициска активност со која ја започна 2017-та година. Само 54,2 милиони евра од вкупно предвидени 392,5 милиони евра досега се инвестирани во капитални објекти во првите пет месеци од годината, покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии за реализацијата на Буџетот.

Тоа значи дека од јануари до мај се реализирани само 13,8% од предвидените капитални инвестиции за годината, што е значително помалку во споредба со истиот период лани, кога реализацијата достигна третина од планираната годишна сума.

Од Владата објаснија дека послабата инвестициска активност со јавни пари годинава се должи на забавувањето на изградбата на автопатите Охрид – Кичево и Миладиновци – Штип поради техничка исправка на документацијата, а намалувањето на градежните активности во секторот нискоградба во првиот квартал достигна дури 40%, што беше главна причина за минорниот економски раст од само 0,1% во тој период.



Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии