18 Декември, 2025
0.3490

И месната индустрија ја чека поддршката од Владата за субвенционирана струја

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2022 14:31

Добивај вести на Viber

По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет. При посетите на „Естра Меин“, „Агрија“, земјоделската задруга „Единство“- Челопек, „Везе шари“ и ДПТ„Лецкер“ од страна на Кризниот штаб, формиран од Стопанската комора на Северна Македонија, заеднички став на овие компании е дека и тие треба да добијат субвенционирана струја, за да обезбедат опстанок на бизнисот во услови на енергетска криза.

Во разговорите со претставниците на Кризниот штаб раководствата на овие компании, кои произведуваат исто така основни прехранбени производи (месо и месни производи), потенцираа дека цената на струјата што ќе ја обезбеди Владата, според најавите, ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулираниот пазар. Тоа за нив ќе значи не само опстанок на компаниите, туку и намалување на продажните цени на нивните производи и нивна поголема конкурентност. Сето тоа ќе придонесе за зачувување на економската активност во државата, како и одржување на животниот стандард на населението.

Во однос на моменталната состојба, информираа дека сметките за струја сега се и до десет пати повисоки во однос на истите месеци минатата година. Паралелно со тоа во постојан пораст се и цените на амбалажите и суровинската база.

Одгледувачите на животни, пак, укажуваат дека ова е најлошата година од почетокот на нивното работење. Сточната храна веќе е поскапена за 70%, бележат екстремен раст на транспортните трошоци и на сметките за струја. Сето ова го доведува во прашање опстанокот на овие бизниси.

Од страна на Кризниот штаб беше нагласено дека Комората останува доследна на својата определба да им помогне на компаниите на слободниот пазар на електрична енергија. И понатаму ќе биде во дневен контакт со нив, ќе предлага решенија и ќе биде проактивна и кооперативна со цел да се дојде до решение бидејќи тоа е во интерес не само на бизнисот туку и на самата држава.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?