20 Декември, 2025
0.0535

И НОВАТА ВЛАСТ ГО ПОЛНИ БУНАРОТ БЕЗ ДНО - МЖ Транспорт

Објавено во: Економија 26 Август, 2024 08:53

Добивај вести на Viber

И со новата власт продолжува вообичаената пракса да се префрлаат вонредни милиони евра од буџетот за одржување на Македонски железници Транспорт, а ни на повидок нема јасен план како да се реорганизира ова акционерско друштво во државна сопственист, кое мора да го финансираме, наместо со тие пари да се изгради некој нов јавен објект.

Владата на последната седница на 20 август одлучила Министерство за транспорт на МЖ Транспорт да му префрли наменски 250 милиони денари (4,1 милиони евра) за исплата на „плати и надоместоци од плата на вработените, како и плаќање на обврски кон останати добавувачи на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АДСкопје“

Се задолжува Министерството за транспорт, средствата од член 1 на оваа одлука да ги префрли на посебна наменска сметка на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АДСкопје, запишано е во одлуката која никаде не беше најавено во јавноста. Единствено членовите на Владата информираа дека ќе му се префрлат 250 милиони денари на „Национални шуми“ како помош, одлука која е донесена во истиот период.

Претходно министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска објави дека со ребалансот, 5,1 милијарда денари се обезбедени за отплата на кредитите кон странство на Јавното претпријатие за државни патишта, Македонски железници,  ЈСП „Скопје“ и ЕСМ, кои како што кажа министерката не се во состојба да ги враќаат кредитите за кои се издадени државни гаранции.

Податоците на Министерството за финансии од вториот квартал годинава покажуваат дека ова железничко претпријатие има доспеани, а невратени долгови од 50 милиони евра.

Во април, со владина одлука беше предвидено АД Државна лотарија да обезбеди позајмица од 120 милиони денари за ЈП за стопанисување со пасишта, „Национални шуми“ и за ЈП Железничка инфраструктура.

Во март пак излезе информацијата дека АД „Железници Транспорт“ издало под закуп две од трите складишта за дизел во депото што се наоѓа помеѓу Лисиче и Кисела Вода. Ова е единствениот голем капацитет што го поседува акционерското друштво за железнички транспорт во земјата.

Во феврурари, пред половина година, беше донесена владина одлука Министерството за транспорт и врски на ова загубарско претпријатие повторно да му  додели 2,5 милиони евра за спас. Станува збор повторно за вонредна помош, надвор од редовното субвенционирање за патничкиот транспорт. Одлуката е донесена заради помош за исплата на плати и како што пишуваше во одлуката - за расчистување со должењата кон добавувачите.

Сето ова следува и покрај тоа што Владата на 10 ноември лани преку зголемување на акционерската главнина му исплати вонредни 16 милиони евра на Македонски Железници - Транспорт за да ги расчисти навремено долговите за електрична енергија. Овие убедливо рекордни досега 962.913.000 денари за железничкото претпријатие се пари кои ги доби наменски надвор од редовните субвенции од Министерството за транспорт и врски за превоз на патници и самофинансирачкиот буџет за товарен транспорт што го наплаќа од големите производствени компании за пренос на суровини.

Владата претходно со одлука на седница одлучи овие 16 милиони евра на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје да му ги даде преку 4-та емисија на акции по пат на приватна понуда. Со четвртата емисија, претпријатието издаде 962.913 обични акции при што продажната цена по акција е еднаква со номиналната и изнесува 1.000 денари по акција.  Со новите пари од буџетот, освен сметки за струја, требаше да ги враќа и позајмиците.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба