24 Април, 2024
0.0260

И официјално е крај: Оланд ја раскина врската со Триервеилер

Објавено во: Стил 25 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател Франсоа Оланд го прекина молкот за својата љубовна афера, која со денови е топ-тема во француските медиуми. Преку официјална изјава за агенцијата Франс прес, Оланд го објави крајот на својата врска со Валери Триервеилер, која досега важеше за прва дама на Франција иако двајцата не беа во брачна заедница. Триервеилер, која по информациите за аферата на Оланд со актерката Жули Гаје кратко време престојуваше во болница заради нервен слом, пред неколку дена се врати во претседателската палата близу Версај. Сепак таа наскоро ќе треба да ја напушти резиденцијата и да се пресели во стан во 15-от париски арондисман. Бившата девојка на претседателот сепак ќе патува следната недела во Индија, како претставник на француската хуманитарна организација Акција против глад. „Оланд разговараше со неа и за се ја извести. Таа ги прифаќа фактите, но нему му ја препушта понатамошната иницијатива“, пишуваат денеска фрнацуските медиуми. Токму медиумите пред две недели ја открија врската на Оланд со Гаје, информација која претседателот не ја демантираше. Веста ја погоди Триервеилер, која според француските таблоиди, толку се разлутила, што искршила многу вредни предмети во Елисејската палата. Според медиумите, меѓу уништените предмети била и ваза од периодот на Луј 16-ти, а вкупната штета се проценувала на дури 3 милиони евра. Сепак, овие информации ги демантираше Канцеларијата задолжена да се грижи за инвентарот во претседателската палата.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган