И ОВА ДА ВИДИМЕ ПА ДА НЕ ПОВЕРУВАМЕ - Мијалков работел како возач во струшкиот затвор, еве за што е задолжен
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2023
Сашо Мијалков се вработи како возач за потребите на струшкиот затвор.
Веб-медиумот ИРЛ ги објави овие информации, а потврда има и од Управата за извршување на санкции.
Телма ТВ се обидела да добие детали за работните задачи на Мијалков, а од струшкиот затвор најавиле детали за утре.
Едниствено е познато дека Мијалков е задолжен за затворско комбе за набавка на стоки за потребите на струшкиот затвор. Ова доаѓа во моменти кога истекува првата година од трите на кои Мијалков е осуден во предметот „Империја“, а ги одлежува во струшкиот затвор.
Во меѓувреме, утре е последниот ден до кога на берзата ќе се продаваат акциите чиј сопственик беше екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање кои пак тој ги отстапи на државата за да се спогоди во случајот „Империја“ во замена за тригодишна затворска казна. Акциите се продаваат по оглас и налог на Агенцијата за управување со одземен имот, на јавна берзанска аукција и на 25 јули ќе се знае дали и колку заработила државата од акциите на Мијалков.
Извор: ИРЛ и ТВ Телма