05 Декември, 2025
0.3800

И ова го има! Брод за крстарење вреден над една милијарда евра

Објавено во: Стил 28 Декември, 2012 13:33

Добивај вести на Viber

Бродоградилиштето СТХ Франс соопшти дека потпишало договор со бродосопственикот Ројал Карабиан Круиз Лајн изградба на брод за крстарење од типот „оазис“ чија испорака е предвидена во текот на 2016 година.

Бродот за крстарење е вистински морски гигант, долг 361 м и изградбата ќе започне во септември 2013 година во бродоградилиштетот во Сант Назер. Тоа е најголем брод кој ќе биде граден овде, стои во соопштението на СТХ Франс.

Според СТХ Франс, нарачителот предвидува изградба и на втор ваков брод, кој би започнал да плови во 2018 година.

Нарачката на бродот веднаш беше поздравена од министрите за финансии и економија на Франција, Пјер Московиси и Никол Брик министерката за надворешна трговија, бидејќи таа дозволува гарантирање на работните места во бродоградилиштето во наредните три години со околу 10 милиони работни часови.

СТХ Франс е филијала на СТХ Еуроп, сопственост на јужнокорејското бродоградилиште СТХ Шипбилдинг.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: